МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТАНЦОТ
Датумот 29 април е избран за Светски ден на танцот бидејќи на тој ден е роден реформаторот на танцот Жан-Жорж Новер. На тој ден ширум светот се одржуваат бројни настани посветени на танцот. Целта на овој ден е да се зголеми свеста на луѓето за важноста на танцот.
