АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ Н.Е. СИМОНА ФРАНКЕЛ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД
- јуни 16, 2022
- 0
Н.Е. Симона Франкел, денес, во рамки на посетата на Охрид, оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. На средбата се разговараше за одличната соработка во повеќе области која Охрид ја негува со Израел и заеднички беше констатирано дека таа ќе продолжи и во иднина.
Соговорниците зборуваа и за прогресот што Општина Охрид го прави во спроведување на препораките од УНЕСКО за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство. Амбасадорката го поздрави напорот што Општина Охрид го вложува во насока на зачувување на статусот.
Градоначалникот и Амбасадорката разговараа и за изработката на проектките кои се однесуваат за подобрување на водоснабдувањето на градот и за пречистителни станици за третирање на отпадните води. Амбасадорката изрази подготвеност за помагање при подготовката и реализација на овие проекти.
Инаку ова е прва посета на Охрид од страна на Амбасадорката на Израел Н.Е. Симона Франкел.