СЕКТОР ЗА ОПШТИ РАБОТИ

Секторот за општи работи ги врши работите што се однесуваат на: јавните набавки во општината; возниот парк на општината; преведување и лекторирање за потребите на градоначалникот и општинската администрација; вршење на работи од областа на цивилната заштита; возниот парк на општината; одржувањето на објектите, опремата и инвентарот; информатичко-комуникациската технологија, развојот на информатичката технологија за потребите на Општината и врши други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.