Традиционалната Бадникова литија која го најавува Христовото раѓање се одржа и денеска во Охрид и покрај дождливото време.
Со своите коледарски песни, најмладите ја најавија радоста на големиот христијански празник и ја пренесоа празничната атмосфера низ охридските улици и Центарот за култура. И покрај дождливото време, литијата помина во духот на заедништво и верата.
По традиција, коледарите со коледарски подароци ги даруваа градоначалникот Кирил Пецаков, советниците во Советот на Општина Охрид и пратениците од Македонското Собрание.
Настанот уште еднаш ја потврди духовноста на Охрид и неговата длабока поврзаност со христијанските вредности и народните обичаи.
no images were found
