Во духот на традицијата и верата, Охрид го одбележа големиот и значаен празник за градот, Богојавление – Водици.
По осветувањето на езерските води и положувањето на Светиот крст, најсреќен помеѓу стотината капачи беше Васко Довлев. кој го фати Светиот крст.
На среќниот фаќач Дебарско – кичевската епархија го дарува со ланче со златен крст, а градоначалникот со рачно изработена икона и филигран во вид на крст.
Празнувањата за „Водици“ продолжија со настап на групата „Чалгија саунд систем“ на Градскиот плоштад и со групно крштевање на Сараиште.