Комисијата за унапредување на правата на пациентите е формирана за да се овозможи заштита на правата на пациентот со што би се обезбедила квалитетна и континуирана здравствена заштита во согласност со тековните достигнувања во здравството и медицината, во рамките на системот на здравствена заштита и здравствено осигурување, соодветна на поединечните потреби на пациентот, со отсуство на каква било психичка и физичка злоупотреба, со целосно почитување на достоинството на неговата личност и во негов најдобар интерес.

Комисијата ги разгледува барањата поднесени од страна на пациентите чии права се повредени а се однесуваат на здравствената заштита, односно заштита на правата на пациентите утврдени во Законот за заштита на правата на пациентите

Барањата се поднесуваат во соодветен формулар пополнет лично од пациентот чие право е повредно или од член на потесното семејство на пациенот чие право е повредно, а се доставуваат преку Архивата на општина Охрид

Поднесените барања се разгледуваат од страна на Комисијата и се проследуваат до соодветни надлежни органи и институции, а врз основа на Законот за заштита на правата на пациентите, а и инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон врши Државниот санитарен здравствен инспекторат согласно закон.

Граѓаните кои имаат потреба може да се обратат на телефоните (046) 262492 / (046) 262493  /  локал 198 или на електронската адреса  pravanapacienti@ohrid.gov.mk.

Формуларот „Барање“ е достапен на следниот линк: