Поради пандемијата од КОВИД 19, годинава нема да биде организирано традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро од градското пристаниште во Охрид.
Со одлука на Дебарско-кичевската епархија, на 19-ти јануари, празникот Богојавление – Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови. Ќе бидат организирани утрински богослужби и осветување на вода, со која потоа ќе биде извршен Богојавленскиот водосвет на езерото.
Општина Охрид упатува апел до граѓаните да се воздржат од масовни собири и организирано капење во езерото. При посетата на храмовите задолжително да се почитуваат препораките за заштита, да се носат маски и да се одржува дистанца.
Да бидеме одговорни и да го прославиме овој празник во кругот на најблиските!