ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД ПЛАЖАТА „САРАИШТЕ“
- мај 5, 2021
- 0
Општина Охрид, упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата која се очекува годинава да е посетена од охриѓани и туристи од земјава и соседството.
Плажата „Сараиште“ привлекува бројни посетители и капачи пред се жители од старото градско јадро, но и охриѓани од останатите охридски населби.