Со „Светот на Биби“ на 28-ми декември започнува Новогодишната програма што на градскиот плоштад “Св. Климент Охридски“ во Охрид ја организира локалната влоаст. Наредниот ден на плоштадот ќе се одржи театарската претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“, а на 30-ти декември детската претстава „Далматино и Дедо Мраз“. На 31 декември на плоштадот ќе биде одржан музичко – театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“.
Сите случувања кои се дел од новогодишната програма, а се посветени за најмладите ќе започнуваат во 12:30 часот.
За забавниот дел на дочекот на Новата Година, на 31 Декември, на градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, Татјана Стефаноска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“. Почетокот е закажан за 21:00 часот.
На 1-ви јануари 2024г. точно на пладне ќе настапат групата „Балкан џем“ и Драган Мијалкоски.
Организаторите очекуваат одлична забава и задоволни охриѓани и посетители од земјава и странство.