ЗАБРАНА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ
- јуни 28, 2024
- 0
Од први јули (понеделник) стапува на сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното градско подрачје. Забраната се однесува на просторот јужно од „Булевар Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан и на туристичките локалитети од каналот Студенчишта до Св.Наум.
Забраната ќе биде на сила до 31 август.