ЗАВРШИ ТРИНАЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јули 12, 2022
- 0
На денешната 13-та седница на Советот на oпштина Охрид, беа усвоени Предлог-одлуката за усвојување на програмски документ – препораки за видовите, критериумите, висината и начинот на спроведување постапки за финансиска поддршка од средствата предвидени во буџетот на општина Охрид и во годишните програми за работа од Секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита за учебната 2022/2023 година наменети за ученици, студенти и наставници; Предлог-одлуката за престанување на важност на одлуката за донесување правилник за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид; Предлог-одлуката за престанување на важност на одлуката за донесување правилник за субвенционирање на линиски превоз на патници кој заеднички го организираат општина Охрид и општина Дебарца; Предлог-одлуката за измени и дополнувања на одлуката за остварување на субвенции во линискиот превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Охрид и општина Дебарца; Предлог-одлуката за дополнување на одлуката за изменување и дополнување на одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид; Предлог-одлуката за прифаќање донација на спортска веслачка опрема и веслачки реквизити и Предлог-одлуката за пренесување на правото на користење на спортска веслачка опрема и веслачки реквизити, сопственост на општина Охрид на веслачкиот клуб „Горица Ремо“ – Охрид;
Зелено светло добија и Предлог-одлуката за пренесување на правото на користење на товарно моторно возило за специјална намена – пајак од општина Охрид на ЈП„Билјанини извори“ Охрид; Предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид во нето-бруто износ и Предлог-одлука за субвенционирање трошоци за потрошена електрична енергија на ЈП „Водовод“ – Охрид.
Советниците со мнозинство гласови изгласаа и 19 Предлог-одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти и 3 Предлог-одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиште.