ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАВНО РЕГУЛИРАЊЕ НА ЗАКУП НА ПАРКИНГ МЕСТО „ГОРНА ПОРТА“
- мај 26, 2021
- 0
ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека од денеска 26.05.2021 година до 04.06.2021 година, ќе се пристапи кон правно регулирање на закупот на паркинг место „Горна Порта“ со кое претпријатието стопанисува согласно одлука на Советот на општина Охрид.
Таа можност согласно донесената одлука, ја имаат сите сопственици на апартмани и соби за издавање, кои поседуваат решение за упис во регистарот за угостителска дејност.
Од ЈП „Билјанини Извори” ги повикуваат сите заинтересирани, во наведениот рок да се обратат во дирекцијата претпријатието, со цел потпишување на договор за закуп на паркинг место.