ИЗГОТВЕНА НАЦРТ СТРАТЕГИЈАТА ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- септември 20, 2019
- 0
Интерсекторската група за родово одговорно буџетирање, деновиве ја изготви нацрт верзијата на Стратегијата за родова рамноправност на Општина Охрид. Оваа група е формирана врз основа на Меморандумот за соработка помеѓу општината и UN Women од 2018 година. Стратегијата е изработена со поддршка на менторката за родова еднаквост на општината Марија Ристеска, а почива на 2 клучни документа за родова еднаквост: Светската Декларација за жени во локалната власт (Worldwide Declarationon Women in Local Government) 2 , и Европската повелба за еднаквост на мажите и жените во локалниот живот (European Charter for Equality of Women and Men in Local Life).
Нацрт стратегијата е достапна на официјаланта веб страница на Општина Охрид. Сите заинтересирани граѓани, организации и здруженија своите забелешки и сугестии може да ги испратат на електронсктата адреса: risteska@crpm.org.mk (користејќи ја алатката track changes), најдоцна до 27 септември.