ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА: ДИГИТАЛНО ЦИВИЛНО ОПШТЕСТВО
- јуни 16, 2022
- 0
Денес на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, се одржа Интернационална Конференција на тема „Дигитално Граѓанско Општество“.
На конференцијата се обрати Ана Крстеска, советник во општина Охрид. Таа ги поздрави учесниците на конференцијата од име на општината Охрид која што е партнер на проектот SINet – Social Innovation Network во рамки на програмата Европа за граѓаните. Крстеска истакна дека живееме во дигитална ера, во која во една секунда се испраќаат милион мејлови, а се случуваат и илјадници пребраувања на интернет. Токму затоа потребни ни се структурални прилагодувања на инвестициите во образованието и науката, како и важноста да ја вклучиме нашата земја во регионални едукативни, научни и истражувачки проекти.
На конференцијата учество и презентации имаа 17 експерти на теми: дигитализација, виртуелна реалност, креативност во служба на креирање социјални промени, визуелно раскажување приказни, социјални иновации, апликации, софтверски решенија и електронски продавници. Ескпертите доаѓаат од Шпанија, Италија, Хрватска, Србија и Македонија, меѓу кои, универзитетски професори, основачи на бизниси и медиуми, раководители на стартапи и претставници од непрофитни организации. Дополнително беше презентирано и истражувањето и прирачникот за Дигитални алатки кој беше креиран во рамки на проектот.
Конференцијата е организирана од организацијата Порака Нова (од Струга) во соработка со Општина Охрид, во рамките на проектот SINet – Social Innovation Network поддржан од програмата (Европа за граѓаните) Europe for Citizens. Повеќе за овој проект ТУКА…