КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ
- март 16, 2021
- 0
Превентивните мерки и активности кои треба да се преземат со цел да се спречат пожари од поголеми размери во Охридскиот регион, беше главната тема на денешниот состанок на Локалниот совет за превенција и за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простории од пожари.
На состанокот кој се одржа преку онлајн платформа, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески истакна дека досегашната комуникација и соработка помеѓу надлежните служби е ефективна и дека истата треба да продолжи и во иднина. Тој потенцираше дека Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена за помош и поддршка за подобро менаџирање на кризни состојби со пожари на отворено но и да пружи поддршка во делот на превентивното делување. Исто така, градоначалникот информираше дека во делокругот на своите обврски, општината континуирано работи и реализира активности за подобрување на условите и капацитетите на Територијалната противпожарна служба.
Покрај градоначалникот, на состанокот присутвуваа претставници од одделите за превенција на СВР Охрид, претставници на Охридската територијална противпожарна единица, НП „Галичица“, ЈП „Национални шуми“- подружница Галичица, претставници на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.
На состанокот беше донесен заклучок во текот на наредниот период да се спроведат советодавни посети на месните заедници на територијата на општините Охрид и Дебрца со цел да се информира населението за опасноста од пожари, мерките за заштита и навремено делување.