КООРДИНИРАНИ АКТИВНОСТИ ВО ВРСКА СО ПОЖАРОТ НА ГАЛИЧИЦА
- септември 5, 2021
- 0
- Категорија:
Поради пожарот кој е активен неколку дена на непристапен потег на планината “Галичица”, градоначалникот, Константин Георгиески денеска, рано изутрина беше на терен заедно со претставници од НП “Галичица” и екипа од Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Градоначалникот Георгиески уште на 30-ти август, кога пожарот беше пренесен на територија на Република Северна Македонија, испрати барање до Центарот за управување со кризи за ангажирање на летало и за спроведување на активности за гаснење од воздух.
Во пожарот е зафатен шумски потег на непристапен предел и во моментот нема опасност од проширување кон населени места. Засега не постои можност од делување на терен со човечки ресурс поради непристапност на теренот и опасноста од експлозии на неексплодирани гранати од Првата светска војна. Само утринава биле регистрирани 4 детонации.
Градоначалникот Георгиески е во постојана комуникација со надлежните во Центарот за управување и се разгледуваат можностите за безбедно дејствување и ставање на пожарот под контрола.
Денеска попладне ќе биде свикан кризен штаб на Општина Охрид, со цел да се прецизираат сите мерки и активности кои ќе можат да се спроведат.