НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИКОВЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИКОВНА ТВОРБА
- мај 7, 2020
- 0
По повод 24-ти Maj – Денот нa сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, Општина Охрид распишува:
НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИКОВЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИКОВНА ТВОРБА
Темата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на светите Кирил и Методиј
По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели награди за најдобри ликовни творби во три различни категории:
I За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
II За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);
III За ученици во средно образование (од прва до четврта година).
Износот на првата награда во сите категории е 3.000,оо денари;
Износот на втората награда во сите категории е 2.000,оо денари;
Износот на третата награда во сите категории е 1.000,оо денари.
Изборот на најдобрите ликовни творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот на Општина Охрид.
Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.
Творбите, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 20.05.2020 година, треба да се доставуваат на следната адреса:
Општина Охрид, – ул.”Димитар Влахов“бр.57 (со назнака: За Ликовен Конкурс и со наведена категорија за која се конкурира).
Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат.
Авторството се докажува со копија од ликовната творба.