Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески  присуствуваше на свеченоста со која по традиција  во просториите на Територијалната противпожарна единица се  одбележа Денот на македонските пожарникари– 20 Мај.

Секретарот   ја изрази благодарноста до охридските пожарникари за безрезервниот  придонес при справување со елементарни непогоди и спасување човечки животи  и укажа дека локалната самоуправа работи за постојано осовременување на условите за работа и дообучување на персоналот.