ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ, УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ, УПРАВУВАЊЕ СО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ И НЕДВИЖЕН ИМОТ НА ОПШТИНАТА
Одделение за просторно и урбанистичко планирање и управување со градежно земјиште и недвижен имот на општината ги врши работите што се однесуваат на:
- водење на процесот на просторно и урбанистичко планирање на просторот во општината;
- покренување иницијативи и предлози за донесување, изменување и дополнување на генерален и детални урбанистички планови;
- изготвување годишна програма за урбанистичко планирање на просторот;
- подготвување анализи и информации за состојбите во урбанистичкото планирање;
- изготвување програма за располагање со градежното земјиште кое се наоѓа на подрачјето на општина Охрид;
- водење постапки за располагање со градежното земјиште и начинот на неговото управување;
- изготвување договори и целокупна документација потребна при спроведување на постапката за отуѓување, давање под долготраен или краткотраен закуп и со непосредна спогодба на градежното земјиште кое се наоѓа на подрачјето на општина Охрид;
- врши и други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
