Денес на пливачкиот базен „Атина Бојаџи“, во организација на пливачкиот клуб „Акваспирит“, а со поддршка на Општина Охрид, се одржа третиот пливачки натпревар „Охрид Опен „2023“. Во името на локалната самоуправа се обрати советникот Перчо Божиноски.
– Денес сме на градскиот базен “Атина Бојаџи“, за да присуствуваме на третиот по ред меѓународниот пливачки натпревар “Охрид Опен“, со што докажуваме дека сме искрено посветени на охридското пливање да му го вратиме стариот сјај.
Ги упатувам моите честитки до Пливачкиот Клуб “Акваспирит“, кој за овие три години успева да организира пливачка манифестација, во која сите ќе уживаме.
Ние како локална самоуправа, остануваме доследни на нашите заложби за континурано помагање на спортот и спортистите. Верувам дека пливачкиот митинг “Охрид Опен“ во иднина ќе расте и во квантитет и во квалитет и Охрид ќе го направи центар на македонското пливање – истакна Божиноски.
На годинашниот „Охрид Опен“ настапија 187 натпреварувачи од 19 клубови од Македонија и еден претставник од Франција. На најуспешните пливачи им беа врачени медали и пехари.