ОПШТИНА ОХРИД И ОВАА ГОДИНА ЌЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО НАЈГОЛЕМАТА СВЕТСКА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“
- март 26, 2021
- 0
Утре на 27.03.2021 година (сабота) во периодот од 20.30 до 21.30 часот ќе бидат исклучени светилките на следните репрезентативни локации, објекти и споменици во Охрид:
- Црква „Свети Јован Богослов“, Канео;
- Црква „Света Софија“;
- Самоилова тврдина,
- Месноста „Палошник“;
- Античкиот театар;
- Кеј „Македонија“;
- Гимназија „Свети Климент Охридски“;
- Плоштад „Свети Климент Охридски“;
- Споменикот на Свети Климент Охридски;
- Споменикот на Св. Наум Охридски -Чудотворец и
- Споменикот „Фаќач на крст“ на градското пристаниште.
Оваа година преку светскиот едночасовен мрак ќе се алармира дека зачувувањето на природата и биодиверзитетот, намалувањето на ефектот од климатските промени и одржливото живеење се пресудни за нашата иднина на оваа планета.
„Часот на планетата Земја“ ќе се поддржи од страна на над 8.000 градови во преку 180 држави ширум светот.