ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ЗА СКРЕБАТНО ПО ПОВОД УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
- август 23, 2024
- 0
По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08 2024 г. Општина Охрид организира превоз до с. Скребатно каде е големиот верски храм посветен на Пречиста.
Тргнувањето е во 08:30ч. од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец. Враќањето за назад е во 16:30 ч.
Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“.