Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.
Во проектот ReLOaD 2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид. Општина Охрид и проектот ReLOaD 2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Охрид и со кои се опфатени следните приоритетни области:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (RELOAD2)

ПРЕЗЕМИ ГИ ИНТЕРАКТИВНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (RELOAD2)  (3 MB)

По однос на објавениот повторен јавен повик за граѓански организации за поднесување на предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен балкан (RELOAD2), што Општина Охрид го објави на16.06. 2023 година, ги објавуваме деновите за менторство и потребните документи