ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА УРБАНА МОБИЛНОСТ
- септември 19, 2019
- 0
Претставници од општина Охрид и од општините Велес, Битола, Куманово, Кавадарци и Карпош денеска во просториите на ЗЕЛС потпишаа меморандум за посветеност кон имплементација на мерките за одржлива урбана мобилност со што заврши конференцијата „Поддршка на локалните самоуправи на РСМ во промоција на одржлива урбана мобилност“.
Настанот е посветен на Европската недела на урбана мобилност и е резиме на активностите реализирани преку проектот финансиран од ГИЗ, а претставен како иницијатива за промоција, планирање и градење на капацитети во спроведување на активности за урбана мобилност . Тие се темелени на модел на оптимални трошоци и иновација, зголемување на удобноста на живеење на граѓаните, зголемена мобилност и достапност, заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Овој пристап овозможува поголем простор за граѓаните, зеленило, подобрување на јавниот превоз и дава предност на искористување услови за користење велосипеди, воспоставување забранети зони за сообраќај, користење катни паркиралишта и друго.
Шесте општини вклучени во пилот фазата на проектот наредниов период ќе работат на градење локални политики за одржлива урбана мобилност и создавање услови за нивно натамошно преточување во одредени стратешки документи или урбанистички планови кои во себе ќе ги содржат мерките за планирање на одржлива урбана мобилност.