ПРАЗНИЧНИ ПАКЕТИ ЗА ЛИЦА ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК
- април 21, 2022
- 0
По повод велигденските празници, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески доделија пакети со прехранбени производи и средства за хигиена на лица од социјален ризик. Дел од пакетите беа доставени во студентскиот дом „Никола Карев“, каде оваа категорија луѓе користат услуги, а дел во црквата Св. Богодродица – Каменско за верниците.