Начинот на аплицирање на активниот Јавен повик од мерката 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020 година, беше главната тема на информативно-едукативниот настан, кој во организација на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одржа денеска во Општина Охрид.
На презентацијата присуствуваа голем број заинтересирани граѓани од Охридскиот регион, кои работат во рамки на приоритетните сектори за поддршка и кои може да аплицираат на оваа мерка.
На настанот свое обраќање имаше градоначалникот Константин Георгиески кој истакна ваквите настани се од голема корист за подобра информираност на заинтересираните странките во врска Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ-ИПАРД, како и со начинот на аплицирање на програмата. Тој нагласи дека Охрид како туристички центар има големи потенцијали за аплицирање и учество на вакви фондови и програми за поддршка, особено во делот за промоција и развој на руралниот туризам, креирање на услуги во земјоделството и занаетчиските дејности.
Јавниот повик 01/2021 за мерката 7 е објавен на 8-ми јули 2021 година и во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата. Рокот за аплицирање е 22-ри август 2021 година. Сите заинтересирани странки треба да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Повеќе информации за Јавниот повик може да прочитате на приложениот линк:
- ЈАВЕН ПОВИК БР.01/2021 ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА 2014-2020