СВЕЧЕНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА „ЕУ ЗА ОПШТИНИТЕ“ И „ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА“
- март 23, 2022
- 0
На пригодна свеченост, денес, градоначалникот Кирил Пецаков, го потпиша договорот за кофинансирање на проекти во рамки на програмата „ЕУ за Општините“ и „Прекугранична соработка“. Општина Охрид преку програмата „ЕУ за Општините“ го реализира проектот „Ohrid GO“ кој е во вредност од 716.766,00 eвра, а партнери на проектот се Општина Воден од Грција и Стелар Солушнс од Скопје.
Договори за соработка потпишаа 19 општини, од кои 8 општини во рамки на програмата „ЕУ за Општините“, а 11 општини во рамки на програмата за „Прекугранична соработка“. По завршување на свеченоста се одржа панел дискусија на тема „Општинска дигитализација“ и „Прекугранични предизвици за локалните власти и поглед на ИПА III“.