Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА   
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ дваесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 21.02.2023 година (вторник) со почеток во 11:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. 

За седницата го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

                                                                        

1.     Предлог-одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.

2.     Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за извршување на буџетот на општина Охрид за 2023 година.

3.     Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година.

4.     Предлог-одлука за измени и дополнување на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2023 година.

5.     Предлог-одлука за субвенционирање трошоци за потрошена електрична енергија на ЈП„Водовод“ – Охрид.

6.     Предлог-одлука за давање согласност на измените на годишниот План за вработување на општина Охрид за 2023 година.

7.     Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на времено користење недвижен имот на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.

8.     Предлог-одлука за формирање на Совет за женско претприемништво на општина Охрид.

9.     Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за отпис и расходување на основни средства во сопственост на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.

10.  Предлог-одлука за подигање спомен – обележје за Стојан Шутев, Тасе Василев и Коле Јанев, од с.Завој, загинати за време на Илинденското востание.

11.  Предлог-одлука за прифаќање донација на движни ствари – опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид.

12.  Предлог-одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид сопственост на општина Охрид на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.

13.  Предлог-одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид сопственост на општина Охрид на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.

14.  Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 541/4 КО Велгошти.

15.  Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1335 КО Љубаништа.

16.  Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1814/1 КО Лескоец.

17.  Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2374 КО Лескоец.

18.  Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2493/1 и кп.бр. 2493/2 КО Коњско.

19.  Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2632/1 КО Долно Лакочереј.

20.  Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1437/1 КО Лескоец.

21.  Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1571 и кп.бр. 1637 КО Опеница.

22.  Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2119 КО Велестово.

23.  Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 5928 КО Охрид 4.

24.  Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 6097/1 КО Охрид 4.

25.  Предлог-одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 1540  КО Рамне.

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев