СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА – АГРО КОНЦЕПТ, ОХРИД
- ноември 14, 2022
- 0
На 18.11.2022 година (петок) со почеток во 10:00 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи седница на Собранието на ЛАГ – Агро Концепт со единствена точка на дневен ред:
-Одлука за престанок со работа на Здружението Локална акциона група – АГРО КОНЦЕПТ – Охрид.
Образложение:
Престанок на работа на ЛАГ-от во постоечкиот Статут на здружението е дефиниран во член 49, алинеа 1 од истиот:
ЛАГ-от престанува со работа во следните случаи:
- Доколку членовите донесат одлука за престанок со работа со двотретинско мнозинство,
- Доколку бројот на членови се намали под потребниот минимум определен за основање,
- Ако Уставниот суд на Р.С.М донесе одлука дека програмата и Статутот на ЛАГ-от не се во согласност со Уставот.
На седницата ќе присуствуваат членовите на Собранието на Здружението Локална акциона група – АГРО КОНЦЕПТ – Охрид.