СЕКТОР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ДЕТСКА, ЗДРАВСТВЕНА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
Секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита ги врши работите поврзани со: пратење на состојбата во областите на образованието, културата, здравството, социјалната заштита и спортот во рамките на надлежностите кои општината задолжително ќе ги извршува; следење и поттикнувње на активностите на здруженијата на граѓани и фондации чија активност е од интерес на општината; следење на прописите од овие области и предлагање мерки и активности што треба да ги преземат советот и градоначалникот; ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамките на општинската администрација и врши други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
