СЕКТОР ЗА СПОРТ, МЛАДИ И НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ
Секторот за спорт, млади и невладини организации ги врши работите поврзани со: пратење на состојбата во областите на образованието, културата, здравството, социјалната заштита и спортот во рамките на надлежностите кои општината задолжително ќе ги извршува; следење и поттикнувње на активностите на здруженијата на граѓани и фондации чија активност е од интерес на општината; следење на прописите од овие области и предлагање мерки и активности што треба да ги преземат советот и градоначалникот; ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамките на општинската администрација и врши други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
Контакт:
Телефон: (046) 262492 / (046) 262493 лок.
E-mail: obrazovanie@ohrid.gov.mk