Општина Охрид започна со поставување на заштитни брани со мрежа на реките од сливното подрачје на Охридското Езеро. Целта на овие метални механизми е да се заштити животната средина и да се спречи влевањето на најразлични видови на цврст отпад во езерските води. Ваква брана денеска беше поставена на реката Сушица, а во текот на наредниот период вакви заштитни мрежи ќе бидат поставени и на останатите речни корита.
Работните активности за поставување на браните ги изведуваат екипи на ЈП “Градски гробишта”, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.