СЕ УРЕДУВААТ ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО ОХРИД
- март 18, 2022
- 0
- Категорија:
По налог на Општина Охрид, екипи на охридските јавни претпријатија деновиве работат на партерно уредување на јавни површини на неколку локации во Охрид и неговата околина.
Во село Пештани се уредува и поплочува пристапната улица која го поврзува ова населено место со регионалниот пат Охрид- Св. Наум. Изведувач на градежните активности е фирмата „Кими-Ибра“ од Кичево. Во село Велгошти со бехатон плочки се поплочи пристапната улица што води до ООУ „Живко Чинго“. Екипи на ЈП “Водовод“- Охрид работат на поставување нова водоводна линија на улица “Григор Прличев“ во стариот дел на градот.
Активностите се реализираат со средства од буџетот на Општина Охрид.