ЦВЕТНИ БАЛКОНИ – ЦВЕТЕН ОХРИД
- јуни 1, 2023
- 0
Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „ Цветни балкони – Цветен Охрид “.
Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:
- улица: “АСНОМ“,
- улица: “Јане Сандански“,
- улица: „Никола Карев“
- улица: “Сирма Војвода“,
- улица: “Карпош Војвода“,
- улица: “Галичица“,
- улица: “Ванчо Питошески“,
- улица: “8-ми Септември“,
- улица: “Мирче Ацев“,
- улица: “Лазо Трпоски“.
Акцијата ќе се реализира на 05(понеделник) и 06 јуни(вторник) 2023 год.
Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид на 05 јуни (понеделник) и 06 јуни (вторник) 2023 година, од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.