ОДБЕЛЕЖАНА 70 ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЗДРУЖЕНИОТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ОХРИД И ДЕБРЦА
- декември 23, 2020
- 0
Денес со пригодна свеченост беше одбележана 70 годишнината од формирањето на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца. На свеченоста на Општина Охрид и беше врачена Плакета со благодарност за досегашната успешна соработка. Плакетата во име на локалната самоуправа ја прими Живка Ангелоска, претседателка на Советот на Општина Охрид, која во оваа прилика истакна.
– Ја имам таа чест и задоволство во името на Општина Охрид и во свое лично име, да Ви заблагодарам за укажаната чест и да ви посакам долговечост, добро здравје и успешно спроведување на вашите активности.
За пензионерите се вели дека го живеаат третото доба, но јас би рекла дека Вие почитувани, го живеете времето кога нештата Ви се можеби најјасни, кога настаните и случувањата ги доживувате со толку потребната смиреност, кога Вашите размисли и совети ни се потребни токму нам, на помладите генерации. Вашата помош во секојдневието на традиционалното македонско семејство е немерлива, а Вашите активности во општеството драгоцени за сите граѓани.
Особено е за поздрвување активноста на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца на најразличните манифестаци на државно ниво, каде Вие почитувани имате забележителни резултати достојни за почит.
Дозволете ми да истакнам дека локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да излезе во пресрет на барањата и потребите на пензионерите, за успешно реализирање на вашата програма и активности.
Уште еднаш ви посакувам долговечност, крепко здравје и мноштво радосни моменти во Вашето секојдневие.
На свеченоста покрај на Општина Охрид, плакети и благодарници им беа доделени и на повеќе поединци и институции за ниванта активност и успешната повеќе децениска соработка со Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.