ПОТПИШАН ПРОТОКОЛ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОЕКТОТ „МОЈОТ ПРАВЕН СОВЕТНИК“
- септември 18, 2019
- 0
Градоначалникот Константин Георгиески и претставникот на Здружението за правно образование и унапредување на правната наука и практика „ЈУС ЕТ ЈУВЕНТУС“ Константин Битраков, потпишаа протокол за вклучување на општина Охрид во проектот ,,Мојот правен советник”, финансиран од European Endowment for Democracy од Белгија.
Општината и Здружението ќе соработуваат во областите и сферите на нивното делување, како ширење на знаењето, разбирањето и свеста на граѓаните за актуелните правни реформи и правната пракса на локалната самоуправа. Понатаму, промовирање на принципот за пристап до локалната самоуправа за сите, независно од социјалните, етничките, религиозните, родовите и политичките разлики. Исто така и во насока на градење на капацитети на професионалност на вработените во локалната самоуправа со цел во својата работа да се насочат кон задоволувањето на потребите на граѓаните на начин кој ќе биде транспарентен и одговорен.
Проектот е во времетраење од 18 месеци, за кој период ќе се работи на подобрување и олеснување на работата на општините, како би придонеле за поефикасно и функционално работење на истите и запознавање на граѓаните со нивните законски загарантирани права и нивна заштита. Главната цел на овој проект е да се олесни комуникацијата меѓу општините и граѓаните. Друга цел е граѓаните соодветно да се едуцираат за своите права и одговорности во поглед на локалната самоуправа и процесот на одлучување.