СЕ ОДЛОЖУВА ЈАВНАТА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН (2019 – 2025) ОПШТИНА ОХРИД
- март 26, 2020
- 0
Поради новонастаната состојба во врска со „Коранавирусот“ и препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија, Јавната расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина на локален еколошки акционен план (2019 – 2025) за општина Охрид, што требаше да се одржи утре, петок (27.03.2020) се одложува.
За понатамошните активности поврзани со нацрт извештајот благовремено ќе бидат објавени на општинската веб страна.