ОДДЕЛЕНИЕ ЗА КОМУНАЛНИ ТАКСИ
Одделението за комунални такси ги врши работите што се однесуваат на:
- вршење на работите што се однесуваат на облог на обврзниците со комунални такси кои согласно закон претставуваат извори на финансирање на општината;
- следење на наплатата на комуналните такси;
- подготвување извештаи и информации за состојбите во областа на комуналните такси;
- грижа за извршување и присилна наплата на комуналните такси;
- врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
Контакт: Зоран Карадакоски
Телефон: (046) 262492 / (046) 262493 лок. 118
E-mail: komunalni.taksi@ohrid.gov.mk