
ОДРЖАНА 56-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- април 30, 2025
- 0
Советниците во Советот на Општина Охрид денес ја одржаа 56- та Седница на која беа усвоени Записниците од 54-та и 55-та вонредна седница.
На дневен ред беа 28 Предлог одлуки од областа на образование, култура, детска и социјална заштита, туризам и урбанизам. Дневниот ред беше надополнет со 18 точки кои се однесуваат на измени на буџетските програми. Сите предлог одлуки и програми беа усвоени.
Меѓу нив беа Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2024 година. Предлог-одлука за прифаќање донација на помагала за деца со посебни потреби на територијата на општина Охрид.Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на помагала за деца со посебни потреби, од општина Охрид на Здружението за воспитно-образовна психо-социјална поддршка ВОПС Охрид за децата со посебни потреби.Предлог-одлука за прифаќање донација за изградба на ново спортско фудбалско игралиште.Предлог-одлука за отстапување на користење котел за нафта со горилник-термоген на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог-одлука за отстапување на користење специјално товарно противпожарно возило на Доброволно противпжарно друштво „ЕНТУЗИЈАСТ Охрид – Дебрца“.Предлог-одлука за давање на времено користење монтажен објект (урбана опрема) со пропратни елементи на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Физибилити студијата за избор на најповолен модел за поставување на фотоволтаични централи на општински објекти на подрачјето на општина Охрид и отпочнување постапка за изработка на Физибилити студија за воспоставување јавно приватно партнерство.Предлог-одлука за изработка на дигитални алатки за туристичка промоција на Охрид. Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.9795/1, Кп.бр.9796/1, Кп.бр.9822/1 и Кп.бр.9822/2 сите во КО Охрид 2 и одземање на корисничко право на Кп.бр.9794/2 КО Охрид.Предлог-одлука за донесувaње детален урбанистички план за УЗ 6, дел од УБ 6.1 – опфат 2, Oпштина Oхрид, плански период 2019-2029.Предлог-одлука за донесувaње детален урбанистички план во УЗ 12, УБ 12.3 – опфат 2, Oпштина Oхрид, плански период 2022-2027.Предлог-програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2025 година. Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на соседни градежни парцели ГП 2.3.41, со основна класа на намена А2-домување во згради и ГП 2.3.42, со основна класа на намена А1-домување во куќи, на повеќе катастарски парцели во КО Охрид 3, во ДУП за УЗ 2, Блок 2.3, опфат 2, Охрид, Општина Охрид.
Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела ГП 12.1.87, ГП 12.1.88, ГП 12.1.95, ГП 12.1.96 и ГП 12.1.97 формирани во ДУП за УЗ 12, Блок 12.1, КО Охрид, Општина Охрид. Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела ГП 12.42, ГП 12.1.43 и ГП 12.1.44 од ДУП за УЗ 12, УБ 12.1, Општина Охрид.Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1 и ГП 3 формирани во план за реализација на 4-та станбена единица – општина Охрид. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.108 КО Охрид 4, објект 1 и објект 2.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.904 КО Сирула, објект 1.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.941 КО Косел, објект 1, објект 2 и објект 3.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.970/1 КО Оровник, објект 2.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1114/4 КО Оровник, објект 1.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1229 КО Лескоец, објект 1 и објект 2.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1271 КО Куратица, објект 1.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1548 и КП.бр.1576 КО Куратица, објект 1.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.874/1 и КП.бр.874/7 КО Љубаништа, објект 1.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1657 КО Лескоец, објект 1 и објект 2.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.535/1 КО Охрид 4, објект 1.
Беа усвоени и Предлог програми за измени и дополнување на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2025-27 година, за уредување на градежно земјиште, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2025година, Предлог програми за урбана опрема , изградба и одржување, за јавно осветлување. Предлог програми кои се однесуваат на активностите во основното и средно образование, надополнување на развојните програми за капитални инвестиции во основното и средно образование. Предлог програми за капитални инвестиции во областа на детската заштита. Предлог програми за измени и дополнување на годишната програма за Млади и невладини организации за спорт и рекреација, за поттикнување и развој на спортот за 2025 година. Предлог програми за измена и дополнување на развојната програма за изработка на урбанистички планов, дополнување на програмата за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица за 2025 година. Усвоени беа и Предлог програмата за измени и дополнување на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година и Предлок одлука за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2025 година.