ИНФОРМАЦИЈА ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 16.06.2022 год. (четврток) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во четврток до 06 часот во петок. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
СЕ СВИКУВА СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО РАСИНО, ЉУБАНИШТА И СИРУЛА
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ. На 09.06.2022 (четврток) со почеток во 18:30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Љубаништа, с. Љубаништа. Собирот ќе се одржи во просторија во домот во селото. На 09.06.2022 (четврток) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Расино, с. Расино. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 09.06.2022 (четврток) со почеток во 20:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Сирула, с. Сирула. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница. Заради вршење избор на членови на совет на месна заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во горенаведените населени места.
СЕ СВИКУВА СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО ПЕШТАНИ, ДОЛНО КОЊСКО, ЛАГАДИН И ЕЛШАНИ
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ. На 14.06.2022 (Вторник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Пештани, с. Пештани. Собирот ќе се одржи во домот основното училиште. На 14.06.2022 (вторник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Долно Коњско, с. Долно Коњско. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 14.06.2022 (вторник) со почеток во 20:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Лагадин, с. Лагадин. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 14.06.2022 (вторник) со почеток во 20:30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Елшани, с. Елшани. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница. Заради вршење избор на членови на совет на месна заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во горенаведените населени места.
СЕ СВИКУВА СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО ШИПОКНО, РАМНЕ И ВЕЛЕСТОВО
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ. На 15.06.2022 (среда) со почеток во 18:30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Свети Стефан, с. Шипокно. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 15.06.2022 (среда) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Рамне, с. Рамне. Собирот ќе се одржи во домот во основното училиште. На 15.06.2022 (среда) со почеток во 19:30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Велестово, с. Велестово. Собирот ќе се одржи во домот во с. Велестово. На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница. Заради вршење избор на членови на совет на месна заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во горенаведените населени места.
СЕ СВИКУВА СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО ПОДМОЉЕ, ГОРНО И ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ И ОРМАН
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ. На 08.06.2022 (среда) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Подмоље, с. Подмоље. Собирот ќе се одржи во домот во с. Подмоље. На 08.06.2022 (среда) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Горно Лакочереј, с. Горно Лакочереј. Собирот ќе се одржи во трпезаријата на црквата Св. Никола во с. Горно Лакочереј. На 08.06.2022 (среда) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Орман, С. Орман. Собирот ќе се одржи во домот во с. Орман. На 08.06.2022 (среда) со почеток во 20:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Долно Лакочереј, с. Долно Лакочереј. Собирот ќе се одржи во просториите на културниот дом во с. Долно Лакочереј. На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница. Заради вршење избор на членови на совет на месна заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во горенаведените населени места.
СЕ СВИКУВА СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО ПЛАЌЕ, ОПЕНИЦА, РЕЧИЦА, КУРАТИЦА, СВИЊИШТА И ЗАВОЈ
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ. На 07.06.2022 (вторник) со почеток во 18:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Плаќе, с. Плаќе. Собирот ќе се одржи во зградата на поранешната општина Косел. На 07.06.2022 (вторник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Опеница, с. Опеница.Собирот ќе се одржи во зградата на поранешната општина Косел. На 07.06.2022 (вторник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Речица, с. Речица. Собирот ќе се одржи во поранешната зграда на општина Косел. На 07.06.2022 (вторник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Куратица, с. Куратица. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 07.06.2022 (вторник) со почеток во 20:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Свињишта, с. Свињишта. Собирот ќе се одржи во домот во с. Свињишта. На 07.06.2022 (вторник) со почеток во 20:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Завој, с. Завој. Собирот ќе се одржи во домот во с. Завој. На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница. Заради вршење избор на членови на совет на месна заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во горенаведените населени места.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид, ги информираат охриѓани и останатите лица кои имаат свои живеалишта во градов дека прием на странки ќе има во деновите вторник, среда и четврток во период од 9:30 до 14:00 часот. Странки нема да се примаат за време на паузата за вработените во општината која трае од 11:00 до 11:30 часот.
СЕ СВИКУВА СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО ВЕЛГОШТИ, ВАПИЛА, ЛЕСКОЕЦ И ЛИВОИШТА
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ. На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Велгошти, с Велгошти. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 19.:45 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Вапила, с Вапила. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 20:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Лескоец, с Лескоец.Собирот ќе се одржи во домот во с.Лескоец. На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 20:15 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Ливоишта, с Ливоишта. Собирот ќе се одржи во основното училиште. На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница. Заради вршење избор на членови на совет на месна заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во горенаведените населени места.
СЕ РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ ВО ОХРИД
Локалната власт предводена од градоначалникот, Кирил Пецаков започна со решавање на долгогодишниот проблем со кучињата скитници во Охрид. До изградба на стационар за хуман третман, кучињата скитници од страна на ветеринарна амбуланта којашто на тендер ја избра ЈП „Охридски Комуналец“ ќе бидат заловувани, кастрирани, вакцинирани и чипирани и повторно ќе бидат вратени на заловеното подрачје. Досега мапирани се околу 70 кучиња на повеќе локации во градот. Само изминатата година до ЈП „Охридски Комуналец“ пристигнале 29 барања за надомест на штети од каснување на кучиња, а од почетокот на оваа година до сега пак пристигнале само три вакви барања.
ВО ПРЕСРЕТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОДРЖА СОСТАНОК СО УГОСТИТЕЛСКИОТ ЕСНАФ
Локалниот совет за превенција при Општина Охрид, денес, одржа состанок со претставници на угостителскиот еснаф. На состанокот се разговараше за преземање на превентивни мерки во пресрет на претстојната туристичка сезона. Нагласено беше дека угостителите мора да ги почитуваат законските одреби за рабoтното време, бучавоста и присуството, односно не присуството на малолетни лица. Исто така, претставниците од Територијалната против пожарната единица, апелираа до угостителските објекти да ги извршат законските задолженија во врска со обезбедување на противпожарни апарти и обука на лица за ракување со истите, со цел за превенирање од пожари. Согласно информациите кои пристигнуваат до полициската станица во Охрид, за одредени собиралишта на лица, од страна на полициските службеници ќе бидат извршени дополнителни контроли на мапираните локации. Градоначалникот Кирил Пецаков, потенцираше дека целта на овие состаноци е да се подигне нивото на јавна безбедност во градот за претстојната туристичка сезона и нагласи дека во наредниот период локалниот совет за превенција ќе одржи повторно состанок со угостителите.
