Ohrid.gov.mk

АЛЕКСАНДАР КИТЕСКИ Е НОВИОТ СЕКРЕТАР НА ОПШТИНА ОХРИД

Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, за Секретар на Општина Охрид е назначен Александар Китески кој доаѓа на местото на Игор Бежоски кој досега ја извршуваше оваа функција. Китески  доаѓа од редовите на вработените во општинската администрација и по професија е правник.  Во  Локалната самоуправа е вработен од 2013 година во Сектор за правни работи со положен правосуден испит. Во период од јули до ноември 2017 година работи како ВД директор на „Охридски комуналец“, а во период од 2014 до 2017 година бил овластено лице во Одделението за инспекциски надзор при општина Охрид. Претходно во период од 2009 до 2013 година работи во АД „ЕМО“- Охрид, а од 2008 до 2009 година во адвокатска канцеларија „Кичеец“. Александар Китески е роден 29. 12. 1985 година во Охрид. Завршил средно економско училиште во родниот град, а  дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје. Тој е среќно оженет и татко на две малолетни деца.            

ЗАТВОРЕНА ЗА СООБРАЌАЈ УЛИЦАTA „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Поради бележење на хоризонтална сигнализација, во вторник на 26.10.2021 година (од 08:00 часот) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до кружниот тек кај Општа болница. Се молат граѓаните и учесниците во сообраќајот да ги отстранат сите возила од оваа улица и воедно во текот на утрешниот ден да го избегнуваат за сообраќај овој потег од градот.        

УТРЕ ЗАТВОРЕНА ЗА СООБРАЌАЈ УЛИЦАTA „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Поради изведување на градежни работи за асфалтирање, во четврток на 21.10.2021 година (од 05:00 часот) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до кружниот тек кај Општа болница. Се молат граѓаните и учесниците во сообраќајот да ги отстранат сите возила од оваа улица и воедно во текот на утрешниот ден да го избегнуваат за сообраќај овој потег од градот.      

ОБНОВЕНО: СЕ ОДЛАГА АСФАЛТИРАЊЕТО НА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Поради најава за влошување на временските услови се одлага асфалтирањето на улица „Јане Сандански“ што беше предвидено за денеска. Поради подготвителните активности според најавеното улицата ќе биде затворена за сообраќај.      

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕИРАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД

Во големата сала на Општина Охрид денеска беше одржана работилница во пресрет на креирањето на Стратегијата за млади на Општина Охрид. Според предвиденото, Локалната стратегија за млади се креира со активно учество на младите луѓе, релевантните институции, организации и бизнис секторот кои денеска беа присутни на настанот и ги изнесоа своите ставови, предлози и сугестии во врска со стратегијата. Содржината на Локалната стратегија за млади ќе ги опфаќа стратешките приоритети, клучните предизвици со кои се соочуваат младите во општина Охрид и долгорочните цели презентирани низ тематските области. Документот ќе се однесува на период од следните пет години. Сите оние кои сакаат дополнително да достават предлози и сугестии за текот на процесот истото може да го сторат на официјалната е-пошта  strategijazamladi@yahoo.com најдоцна до 10.10.2021. Младите лица од 15 до 29 години имаат можност да одговорат и на прашалникот кој е достапен на следниот линк (https://docs.google.com/forms/d/1w02duu6f_6Owbva7FcpCuVK3I8T7W1-ssPMGxZwmPwc/viewform?edit_requested=true)  најдоцна до 10.10.2021. Процесот ќе продолжи понатака се до финалната изработка на Стратегијата за млади која на крај ќе биде изгласана од Советот на Општина Охрид.          

УТРЕ ЗАТВОРЕНА ЗА СООБРАЌАЈ УЛИЦА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Поради асфалтирање, улицата „Јане Сандански“ утре (29.09.2021)  во период од 5.00 ч до 16.00 ч. ќе биде затворена за сообраќај. Надлежните служби при општина Охрид упатуваат апел до охриѓани од вечерва  да ги отстранат  паркираните  возила од  двете страни на коловозните ленти  со цел во раните утрински часови  непречено да  започне реализацијата на предвидените  градежните активности.        

ОПШТИНА ОХРИД ПОСЛЕДОВАТЕЛНО Е НА ПРВОТО МЕСТО ПО ИНДЕКСОТ НА ОТВОРЕНОСТ НА ОПШТИНИТЕ

Општина Охрид втора година последователно има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2021 година како дел oд Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Овој извештај нуди анализа на работата на единиците на локалната самоуправа во однос на принципите на транспарентност, свесност, пристапност и интегритет. Дополнително ЕЛС биле мониторирани според еден заеднички домен присутен во сите четири принципи, а тоа се отворените податоци. Врз основа на направената проценка дадени се препораки за подобрување на работењето на единиците на локалната самоуправа во областите кои се опфатени со истражувањето. Општина Охрид има висок процент на исполнителност во сите четири принципи на отвореност. Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2021 година преку Индексот на отвореност можете да го погледнете на овој линк.     [vc_row][vc_column][vc_btn title=”ИНДЕКС НА ОТВОРЕНОСТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА 2021″ color=”orange” i_icon_fontawesome=”fa fa-link” add_icon=”true” link=”url:https%3A%2F%2Fmetamorphosis.org.mk%2Fwp-content%2Fuploads%2F2021%2F09%2Fprocenka-na-dobroto-vladeenje-2021.pdf||target:%20_blank|”][/vc_column][/vc_row]        

OHRID ULTRA-TRAIL® INTERNATIONAL TRAIL RUNNING EVENT 17.-19. SEPTEMBER 2021

Охрид Ултра-Треил® е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува еднаш годишно во Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион, Македонија. Третото издание на овој настан во планинско ултра-трчање опфаќа 4 трки со дистанци од 100км, 60км, 40км и 21км и е закажано на 17-19 септември 2021 година.   На нашиот настан, ќе учествуваат 450 натпреварувачи oд 20 земји и ќе има вклучено преку 60 волонтери во самата организација. Планинското трчање е најбрзо растечкиот спорт во природа во светски рамки. Целта на нашиот настан, покрај можноста за секоја особа – а ќе имаме и професионални атлети и аматери како натпреварувачи, е да ги испроба своите граници и да ги запознае убавините кои ги нуди Галичица и охридскиот крај, како дијамант на природната средина во нашата земја.   Трката која е носител на настанот – Охрид Ултра-Треил® е долга 100 км со 4,800 метри искачување и учесниците ја започнуваат својата авантура на полноќ врвејќи низ сокаците со калдрма во стариот дел од Охрид, минувајќи низ неколку села во пониските делови на планината Галичица кон живописниот манастирски комплекс Св. Наум на јужната страна на брегот од Охридското Езеро. Овие тркачи e oчекувано да поминат меѓу 12 и 26 часа, меѓу фаворитите и последниот тркач – за успешно комплетирање на патеката.   Таму, во рана зора, во спокојот на изворите на реката Црн Дрим, им се придружуваат учесниците на втората планинска трка „Галичица Ултра“- на едно патешествие од 60 км со 3,200 метри искачување. Заедничката маршрута го следи главното било во срцето на планината и Националниот Парк Галичица и преку козји патеки и макадамски патишта открива пејсажи кон двете езера Преспанското и Охридското – кои обземаат истовремено.   Третата трка „Самотска Треил“ од 40км и 2,000 метри искачувањезапочнува од селото Пештани и преку селото Елшани се приклучува на главниот срт на планината Галичица низ заедничка маршрута со учесниците на двете подолги трки. Последната и најмала трка „Летница Треил“ – стартува од селото Велгошти и нуди панорамски погледи на градот Охрид и Охридското Езеро и ги предизикува учесниците на брза трка од 22 км со 1100 метри искачување. Тие, се соединуваат со останатите планински тркачи и заедно сите финишираат во Охрид на платото пред хотелот Палас на кејот Македонија.   Би сакале да ве известиме дека официјалното соопштение за медиуми кое ќе ги содржи победниците од сите трки заедно со група фотографии од трката и подиумот ќе биде дистрибуирано во недела, 19.09 по комплетирањето на сите настани. Доколку сакате да добиете повеќе информации за самиот настан или имате прашања за неговата природа, во било кој момент можете да го контактирате Иван Кантарџиски кој ќе биде задолжен за комуникациите со јавност и е достапен на kantardziski.ivan@gmail.com или на +389 71 567 872.   Линк со фотографии: https://drive.google.com/drive/folders/12GtKcBOSw1vPT9Yh0hopAXBiH6R83aDY?usp=sharing   Линк со тизер видео:   Тел: +389 71 246 423 Email: race@ohridultratrail.com Web: www.ohridultratrail.com            

ИЗВЕСТУВАЊЕ !!!

Поради одржување на  претстојната NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи) меѓународна вежба, која преку Владата на Република Северна Македонија – Центарот за Управување со Кризи, ќе се реализира во Општина Охрид, во периодот од 20-25.09.2020 година, ќе биде целосно затворена за сообраќај  ул. „ Кленоец “ во делот кој поминува низ Касарна и тоа во период од 17.09.2021 година до 24.09.2021 година. Се молат сите учесници во сообраќајот за одбегнување на овој дел од улицата со што би се избегнале застои во сообраќајот на околните улици.              

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД ПОТОНУВАЊЕТО НА БРОДОТ „ИЛИНДЕН“

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на жртвите од бродската несреќа „Солза на Роза“, вчера, беа одбележани 12 години. Делегацијата на општина Охрид ја предводеше заменик – градоначалникот Ристе Николески. – Денес се одбележуваат 12 години од потонувањето на бродот Илинден во Охридското езеро. Пред една години се постави споменикот во чест на починатите во несреќата. Тој ден и датумот 5 септември засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Охрид и како поука дека треба постојано да се надградуваме за да не се случуваат такви немили настани. Да не се повтори. Сите години правиме се за да ја подигнеме безбедноста во водите на Охридското Езеро и тоа ќе продолжиме да го правиме и понатака, рече Николески. Амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов кој ја предводеше делегацијата на Република Бугарија, рече дека пред 12 години бил еден од првите кој бил тука за да види што точно се случи. – За тие 12 години имаше една мала плоча која беше поставена од Ротари клуб Охрид. Минатата година со финансиска помош од Министерството за надворешни работи на Бугарија и општина Охрид го направивме овој нов споменик. За таа една година спомен плочата еднаш беше оштетена и еднаш беше испишана со спреј. Сакам да им се заблагодарам на сите кои реагираа навремено и ја вратија спомен плочата во првобитната состојба. Се надевам дека нема ова да се повтори никогаш повеќе, зошто загинатите туристи кои се невини, не смеат да бидат употребени за дневна политика. Ќе продолжиме да го оддбележуваме овој ден и во иднина,рече Ангелов. Свежо цвеќе пред спомен обележјето положија повеќе делегации од Бугарија и Охрид. [vc_row][vc_column][vc_gallery interval=”3″ images=”17775,17774,17773,17772,17770,17769,17768,17776″ img_size=”800×800″][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]           [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]