Ohrid.gov.mk

УТРЕ ЗАБРАНА ЗА ПАРКИРАЊЕ НА „ЈАНЕ САНДАНСКИ”

Се известуваат жителите на  улица „Јане Сандански“ и останатите охриѓани дека утре  (27.07 2021г.) во период од 9 до 14 часот,  ќе биде воведена забрана  за паркирање, поради изведување на  градежни активности. Се упатува апел до жителите да не ги паркираат своите возила на улицата односно таа да биде слободна на двете коловозни ленти.        

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛАТА ВЕЛЕСТОВО, ПЕШТАНИ, ЕЛЕШЕЦ И ПЛАЖА „ОРЕВЧЕ“

Врз основа на добиените известувања од Агенцијата за храна и ветринарство-Сектор за инспекциски надзор на Република Северна Македонија, Инспекторатот при Општина Охрид упатува известување до јавноста дека водата од водоснабдителниот објект во сопственост на МЗ с. Пештани и плажа „Оревче“, МЗ с. Елшани и МЗ с. Велестово, водата се забранува за пиење. Оваа забрана, Секторот за инспекциски надзор при Агенцијата за храна и ветринарство ја издава врз основа на резултатите од лабараториските анализи кои се направени од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид.        

ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 05-30.09.2021 година во својство на: Реонски попишувачи и Реонски инструктори   [vc_row][vc_column][vc_message]ЈАВЕН КОНКУРС ЗА  АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ[/vc_message][/vc_column][/vc_row]            

Ј А В Е Н О Г Л А С ЗА ВРАБОТУВАЊЕ РАБОТНИК

Врз основа на член 22 и 23  од Законот за работните односи ( Сл весник  на РМ бр. 62/05 ….. 113/2014), Општината Охрид објавува Ј А В Е Н  О Г Л А С за вработување работник Општината Охрид има потреба од вработување работник на неопределено време и тоа: Телефонист УПР 04 05 А03 002  ______________   1    извршител Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: [vc_row][vc_column][vc_message]Ј А В Е Н О Г Л А С ЗА ВРАБОТУВАЊЕ РАБОТНИК [/vc_message][/vc_column][/vc_row]            

СЕ ОДЛОЖИ ПЛАНИРАНОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Поради неповолни временски услови, планираната теристичка (од земја) дезинсекција против комарци која требеше да се спроведе на 19.07.2021 година се одложи за 22.07.2021 (четврток). Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Теренијалното запрашување ќе се врши на територија на град Охрид и крајбрежниот појас на потег од с. Подмоље до х.Парк и подножјето на планината Галичица (нас. Б.Извори), како и на потег од река Грашница, Коселска Река, крајбрежје од автокамп Љубаништа до комплекс Св.Наум.        

СПАСИТЕЛИ НА ВОДА ПАТРОЛИРААТ НА СЛОБОДНИТЕ ОХРИДСКИ ПЛАЖИ

На барање на Локалната самоуправа  и  градоначалникот Константин Георгиески,  Црвен крст Охрид ангажира тим на спасители на вода  на охридските плажи кои годинава  по долг временски период се слободни  за сите посетители и уредени од Општина Охрид. Спасителите  почнувајќи од  13 јули годинава   секојдневно  вршат патролни обиколки со спасителен чамец на вода, со велосипеди или пеш на копно, на капалишта на Охридското Езеро . Секој ден во периодот од 11 до 19 ч. спасители на вода  патролираат на потегот од плажа Горица 3,  плажа Славија,  плажа „Акапулко“, плажа Лагадин , плажа „Корали“ и  интервенираат во случај на потреба. За време на викендите и празниците, кога се очекува зголемен број на посетители на капалиштата,  тимот на спасители ќе биде придружуван и со тим на парамедици кои ќе укажуваат прва помош во случај на потреба. Црвен крст Охрид свои спасители на вода има поставено и на плажата  кај манастирскиот комплекс  Св. Наум,  на плажата кај  АК Љубаништа,  на плажите: Градиште 1 и 2,  Оревче,  Десарет,  Метропол- Белви,  „Инекс, „ Голден“ и на базенот во СРЦ „Билјанини извори“. Од Црвен Крст  Охрид апелираат  до сите посетители, корисници на капалиштата, до издавачите на пловни реквизити (педалинки, кајаци и сл.) да се придржуваат на препораките и мерките за безбедно одвивање на капење, спорт и рекреација.        

ЗАШТИТА НА ПЧЕЛИТЕ ПОРАДИ ПЛАНИРАНОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014  и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина   како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното  соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на   ден  19.07.2021 год.  (понеделник)   ќе  се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот. Теренијалното запрашување ќе се врши на територија на град Охрид и крајбрежниот појас на потег од с. Подмоље до х.Парк и подножјето на планината Галичица (нас. Б.Извори), како и на потег од река Грашница, Коселска Река, крајбрежје од автокамп Љубаништа до комплекс Св.Наум Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.        

ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА НАБАВКА НА КЛИМА УРЕДИ

Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021 година, а врз основа на претходно објавен повик,  Општина Охрид  започна со исплата на   1 154 000  денари на 84  домаќинства  од Охрид    за субвенционирање  при  набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред.  Според планираното општината  им надоместува  дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%,  но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Со ваквиот проект  локалната власт настојува да  ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди  за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.  Домаќинствата на кои им беа доделени субвенциите мораа да ги исполнат сите услови предвидени во јавниот повик што за таа намена беше објавен во месец март годинава.        

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ДУП ЗА УЗ 11, УБ 11. 5

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05,24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 и 99/18) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид О Р Г А Н И З И Р А Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ДУП за УЗ 11, УБ 11. 5  општина  Охрид. Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ДУП за УЗ 11, УБ 11. 5   општина  Охрид     Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 7.30 – 15.30 часот    почнувајќи  од   12.07.2021год. до  10.08.2021год. како и на web страната на општина Охрид , www.ohrid.gov.mk  Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 04.08.2021 год. во големата сала на општина Охрид,  со почеток  во  10 часот , со задолжително носење маски и пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 19 Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил : zivotnasredina@ohrid.gov.mk, или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. „Димитар Влахов“ бр.57 Охрид.  [vc_row][vc_column][vc_message]ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ДУП ЗА УЗ 11, УБ 11. 5[/vc_message][/vc_column][/vc_row]            

СТАРТУВА ЛЕТНИОТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД

Од денеска стартува Летниот режим на сообраќај на територијата на Општина Охрид, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација на улиците каде што е воведено еднонасочно движење на возилата. Оваа година за прв пат е воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“. По оваа улица ќе се одвива еднонасочен сообраќај во правец од пресекот со улица „Гоце Делчев“ кон „Горна Порта“ и од „Горна Порта“ кон улица „Крум Точко“. Едната страна од улицата ќе може да се користи за паркирање на моторни возила согласно предлог мерките и издадената согласност од Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид. Се упатува апел до граѓаните и туристите во целост да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, со цел да се овозможи поголема безбедност во сообраќајот во текот на летната туристичка сезона. Летниот режим на сообраќај ќе трае до 31-ви август 2021 година.