ДА СЕ ОТСТРАНАТ ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ
Надлежните служби на општина Охрид упатуваат апел до сите охриѓани кои имаат хаварисани возила паркирани на јавните површини истите да ги отстранат во најкраток временски период. Во спротивно тие ќе бидат отстранети со пајак служба , на трошок на сопствениците. Воедно се упатува апел до сите охриѓани да испраќаат фотографии од хаварисани возила оставени на јавни површини на адреса inspektorat@ohrid.gov.mk со цел истите да бидат отстранети од комуналните служби при општина Охрид.
„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВО ОХРИД
Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Министерството за животна средина и „Пакомак“ Скопје на 08.05.2021 год. (сабота) со почеток во 08 часот, ќе се одржи „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, во повеќе општини во државата. Во акцијата се вклучува и делегацијата на Европската Унија со нивната иницијатива „За чисто како и дома исто“. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 кг собран отпад да се засади по едно дрво. Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на акцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред с. Пештани. Во акцијата ќе земат учество и здруженијата „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“. Акцијата ќе се организира во согласност со протоколите за Ковид-19, односно задолжително носењето заштитни маски и држење физичка дистанца. Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.
ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД ПЛАЖАТА „САРАИШТЕ“
Општина Охрид, упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата која се очекува годинава да е посетена од охриѓани и туристи од земјава и соседството. Плажата „Сараиште“ привлекува бројни посетители и капачи пред се жители од старото градско јадро, но и охриѓани од останатите охридски населби.
СТАРТУВАШЕ МАСОВНАТА ИМУНИЗАЦИЈА ВО РЕГИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ВО ОХРИД
Денеска официјално стартуваше масовната имунизација во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Вакцинирањето се одвива непречено и организирано согласно протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини. Во текот на вчерашниот ден пристигна првата пратка од 7200 вакцини од производителот “Синофарм”. Дистрибуцијата на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување. Регионалниот центар во Охрид е надлежен за вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Општина Охрид во координација со ЈП “Билјанини Извори” и надлежните од Министерството за здравство обезбеди просторни услови и беше вклучена во логистичка поддршка во делот на опремување. Исто така 36 вработени од локалната самоуправа се ангажирани во редарската служба на центарот и во делот на функционирањето на системот за евиденција. Регионалниот центар за имунизација во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Благодарение на општествено одговорни компании, центарот беше опремен со 14 паравани, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните. За останатите активности околу спроведување на имунизацијата, ангажирање на волонтери, за целиот процес и протокол за организација на вакцинацијата надлежно е Министерството за здравство. Сите поединци кои се дел од процесот на имунизација се соодветно обучени и имаат поминато процес на симулација на вакцинација. Според информациите од министерството, во моментот во Центарот за вакцинација во Охрид ангажирани се доволно лица за непречено одвивање на процесот и доколку се утврди зголемена потреба, според соодветен план и динамика можно е да бидат вклучени и дополнителни обучени лица. Општина Охрид упатува апел до сите граѓани да се регистрираат во системот и навремено да резервираат термин за вакцинација. Вакцинацијата е единствениот начин за надминување на здравствената криза предизвикана од светската пандемија со Ковид 19. [vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”16101,16098,16097,16096,16094,16104,16103,16102,16095,16099,16100,16105″][/vc_column][/vc_row]
ВО КОСЕЛ ЗАБРАНЕТА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ
Се информираат жителите на село Косел дека со Решение на Агенцијата за храна и ветеринарство , поради загаденост се забранува водата за пиење. Агенцијата ја задолжува Месната Заедница од с. Косел да обезбеди хлорирање на водата од 0,2 до 0,5 мг./л. До обезбедување на безбедна вода за пиење истата да се преврива 30-40 минути.
ЛИСТА НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД
Иницијативниот одбор за оддржување на конститутивната седница на Локалното собрание на млади на денешната седница ја утврди листата на кандидати за членови на Локалното собрание на млади на општина Охрид која ќе биде предложена за верификација на самата седница. Иницијативниот одбор уште еднаш известува дека конститутивната седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид ќе се оддржи на ден 28.04.2021 година (среда) во 09.45 часот во Големата сала на Советот на општина Охрид. Лицата кои се на списокот треба да се дојдени најдоцна 10 минути пред почетокот на Собранието и со себе да носат важечка лична карта за идентификација. [vc_row][vc_column][vc_message]ЛИСТА НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД [/vc_message][/vc_column][/vc_row] ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ОБНОВЕНО: ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД
РЕШЕНИЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР
Претседателот на Совет на општина Охрид врз основа на своите законски овластувања донесе решение за формирање на иницијативен одор за организација и оддржување на Локално младинско собрание на општина Охрид. Иницијативниот одбор се формира само за оддржување на конститутивната седница на локалното собрание на млади на општина Охрид. [vc_row][vc_column][vc_message]РЕШЕНИЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР[/vc_message][/vc_column][/vc_row] ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И ОДДРЖУВАЊЕ НА ЛОКАЛНО МЛАДИНСКО СОБРАНИЕ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ДО РОМСКАТА ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА
По повод одбележувањето на 8. Април, Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот Константин Георгиески, упати честитка до ромската етничка заедница. – Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите и Ви посакувам со заеднички напори да продолжиме за да го унапредуваме социо-економскиот статус и квалитетот на животот на Ромите во сите сегменти на општественото живеење. Вие сте почитуван дел од заедничкото мултикултурно општество и придонесувате во напорите за подобра иднина на сите граѓани. Уверен сум дека со негување на традицијата и културата, обичаите и јазикот, ќе ја зачувате убавината на своето богато наследство кое ќе им го оставите на идните генерации. Сте ја имале и во иднина ќе ја имате нашата поддршка за да ги остварувате своите цели и да придонесувате во развојот на Охрид и Република Северна Македонија– се вели во честитката на градоначалникот Константин Георгиески до ромската етничка заедница.
ПРЕКИН НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА МОДЕРЕН СИСТЕМ ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ- ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД ЗА 2021 ГОДИНА
Се известува јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување -инвертер клима уред за 2021 година. Јавниот повик беше објавен на 16-ти март 2021 година, согласно Програмата за заштита на животната средина и природата. ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА МОДЕРЕН СИСТЕМ ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ- ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД ЗА 2021 ГОДИНА
ОПШТИНА ОХРИД И ОВАА ГОДИНА ЌЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО НАЈГОЛЕМАТА СВЕТСКА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“
Утре на 27.03.2021 година (сабота) во периодот од 20.30 до 21.30 часот ќе бидат исклучени светилките на следните репрезентативни локации, објекти и споменици во Охрид: Црква „Свети Јован Богослов“, Канео; Црква „Света Софија“; Самоилова тврдина, Месноста „Палошник“; Античкиот театар; Кеј „Македонија“; Гимназија „Свети Климент Охридски“; Плоштад „Свети Климент Охридски“; Споменикот на Свети Климент Охридски; Споменикот на Св. Наум Охридски -Чудотворец и Споменикот „Фаќач на крст“ на градското пристаниште. Оваа година преку светскиот едночасовен мрак ќе се алармира дека зачувувањето на природата и биодиверзитетот, намалувањето на ефектот од климатските промени и одржливото живеење се пресудни за нашата иднина на оваа планета. „Часот на планетата Земја“ ќе се поддржи од страна на над 8.000 градови во преку 180 држави ширум светот.
