ИНТЕНЗИВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ „АБАС ЕМИН“ И „15-ТИ КОРПУС“
Интензивно се одвиваат градежните активности за реализација на двата најголеми и најзначајни инфраструктурни проекти во Општина Охрид. Тое се реконструкциите на улиците „Абас Емин“ и „15-Корпус“. Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид и ги посети екипите кои ги изведуваат тековните градежни активности на двете улици. На улицата „Абас Емин“ се работи на поставување на нови цевководи од главната линија на атмосферската, фекалната и водоводната мрежа и се врши поединечно приклучување на домаќинствата. На потегот каде што се финализирани активностите на подземната инфраструктура, се врши тампонирање на дел од коловозот. Паралелно се реализираат активности за поставување на рабници и уредување на тротоарите. Претходно, на дел од коловозот беше поставен и прв асфалтен слој со цел да се обезбедат услови за непречен сообраќај. Доколку активностите се одвиваат според предвидената динамика, реконструкцијата на оваа важна охридска сообраќајница ќе заврши пред почетокот на годинешната летна сезона. На улицата „15 Корпус“ во моментот се работи на нови приклучоци на водоводната линија и тековно се одвиваат активностите за поставување на новата атмосферска канализација. Се врши уредување на тротоарите и велосипедските патеки од двете страни на коловозот, а на дел од улицата веќе е поставено ново улично осветлување. Според планираното, проектот за реконструкција на оваа сообраќајница ќе биде финализиран во втората половина на месец мај. Во текот на наредниот период како дел од програмата за уредување на градежно земјиште ќе започне рализацијата на уште неколку важни инфрструктурни проекти за кои во моментот се изготвуваат потребните документации и се завршуваат превидените законски и административни процедури.
ДОПОЛНИТЕЛЕН ТРЕТ ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ
Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на: [vc_row][vc_column][vc_message]ТРЕТ ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ[/vc_message][/vc_column][/vc_row] ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ ЗА ПОПИШУВАЧИ/ИНСТРУКТОРИ ЗА ПОПИСЕН РЕОН 22 ОХРИД/ДЕБРЦА
ПОРАДИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ СЕ ВОВЕДУВА НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“
Општина Охрид од 20.03.2021 година (сабота) ќе започне со градежни активности за реконструкција на дел од улицата „Јане Сандански“ на потег од кружната крстосница со булевар „Туристичка“ до кружната крстосница со улица „Сирма Војвода /Даме Груев“. За таа цел на овој потег ќе отпочне да важи времен режим на сообраќај по кој мора да се придржуваат учесниците во сообраќајот, се додека траат градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа. Активностите ќе ги изведува „Вардарградба“ ДОО Скопје. Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација која ќе биде поставена додека трае новиот режим на сообраќај, заради непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се упатува апел до учесниците во сообраќајот, додека траат градежните активности, доколку не е неопходно да се избегнува овој потег за сообраќај.
СЕ ИНСТАЛИРА НАЈСОВРЕМЕН СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА СТАДИОНОТ „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“
ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Фудбалската федерација на Република Северна Македонија започна со реализација на активности за инсталирање на најсовремен систем за автоматско наводнување на градскиот стадион „Билјанини Извори“. Според планираното, ќе бидат инсталирани 33 прскалки со сонда за наводнување на почвата. Новиот систем ќе придонесе за значително подобрување на квалитетот на фудбалскиот терен и ќе ја намали потрошувачката на вода. Поради непречено одвивање на работните активности, стадионот ќе биде затворен за користење до 3-ти април 2021.
КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ
Превентивните мерки и активности кои треба да се преземат со цел да се спречат пожари од поголеми размери во Охридскиот регион, беше главната тема на денешниот состанок на Локалниот совет за превенција и за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простории од пожари. На состанокот кој се одржа преку онлајн платформа, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески истакна дека досегашната комуникација и соработка помеѓу надлежните служби е ефективна и дека истата треба да продолжи и во иднина. Тој потенцираше дека Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена за помош и поддршка за подобро менаџирање на кризни состојби со пожари на отворено но и да пружи поддршка во делот на превентивното делување. Исто така, градоначалникот информираше дека во делокругот на своите обврски, општината континуирано работи и реализира активности за подобрување на условите и капацитетите на Територијалната противпожарна служба. Покрај градоначалникот, на состанокот присутвуваа претставници од одделите за превенција на СВР Охрид, претставници на Охридската територијална противпожарна единица, НП „Галичица“, ЈП „Национални шуми“- подружница Галичица, претставници на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. На состанокот беше донесен заклучок во текот на наредниот период да се спроведат советодавни посети на месните заедници на територијата на општините Охрид и Дебрца со цел да се информира населението за опасноста од пожари, мерките за заштита и навремено делување.
ОПШТИНА ОХРИД СО ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД 19
Поради актуелната состојба со корона вирусот КОВИД 19 и зголемениот број на заболени на подрачјето на Општина Охрид, по налог на градоначалникот Константин Георгиески, од денеска 11.03.2021 (четврток), опшинската зграда ќе биде затворена за физички посети на странки. Се известуваат граѓаните дека покрај тоа што нема да биде дозволен приод во општинските простории, сите надлежни служби ќе работат непречено. Граѓаните кои имаат било каква потреба од општински услуги ќе може да се обратат на активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината, кои се достапни на општинската веб страница. За граѓаните ќе биде достапен шалтер на општинската архива каде што ќе можат писмено да се обратат. Оваа мерка се воведува со цел да се обезбеди поголема заштита на граѓаните и на вработените од ширењето на корона вирусот КОВИД 19 и обезбедување на услови за побезбедно функционирање на општинските служби. Мерката ќе важи до стабилизирање на состојбата со вирусот. Општина Охрид упатува апел до граѓаните за максимално почитување на сите актуелни препораки за заштита и превенција од вирусот, кои се донесени од страна на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.
ЗАПОЧНУВААТ ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“
Од понеделник 01.03.2021 започнуваат подготвителни работи за уште еден голем инфраструктурен проект, комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“ од кружниот тек на булевар „Туристичка“ до кружниот тек кај Болничкиот комплекс и промена на водоводната азбестна линија. Општина Охрид ја информира јавноста дека ќе се врши остранување на дрворедот и поради непречено одвивање на планираните зафати, се упатува молба до сите учесници во сообраќајот, да ги отстранат паркираните моторни возила и да не паркираат на оваа улица. Забраната за паркирање на овој потег ќе важи од 01.03.2021 година до завршување на предвидените активности. Моторните возила кои нема да бидат навремено отстранети ќе бидат отстранети со асистенција на пајак-службата.
ОХРИД БЛЕСНА ВО БОИТЕ НА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ
Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“ со која се дава поддршка на лицата кои боледуваат од ретки болести. Со ова општината и градот Охрид се приклучуваат кон глобалниот повик на „Еурордис“ за осветлување на локални и национални згради и споменици. Во февруари којшто е месец со најмалку денови во годината се запознаваме со нови 28 ретки дијагнози преку аудио,видео и текстуална форма со цел да се запознаеме со предизвиците со кои се соочува оваа категорија луѓе. Покрај општината овој месец заблескаа и останати локации од градов меѓу кои: Самуиловата тврдина, гимназијата „Св. Климент Охридски“, црквата Св. Софија, Историскиот архив и скулптурата „Фаќач на крстот“. Во Светот во месец февруари се реализираат низа активности со цел да се поддржат лицата коишто боледуваат од ретки болести.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНО ОТВАРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ЈАВЕН ОГЛАС БР 01/2021 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ ЗА ЛИНИЈА ОХРИД-ТРПЕЈЦА-СВ. НАУМ-ОХРИД
Комисијата за спроведување на постапка за добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз за линија Охрид-Трпејца-Св. Наум-Охрид, јавен оглас бр 01/2021 закажува јавно отварање на пристигнатите понуди на ден 17.02.2021 година во 12 часот во Мала Сала при Општина Охрид. НАПОМЕНА: Понудувачите кои ќе присуствуваат на отварањето на понудите мора да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид 19. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2021 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ВРШЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ ЗА ЛИНИЈА ОХРИД-ТРПЕЈЦА-СВ.НАУМ-ОХРИД
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ ЗА СТИПЕНДИИ
Утре на 10.02.2021 година (среда) истекува последниот рок за потпишување на договорите за доделените стипендиина ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид, за учебната 2020/2021 година. Добитниците на ученички стипендии кои сеуште немаат потпишано договори се повикуваат да дојдат во Општина Охрид. За добитниците на стипендии кои се малолетни лица, задолжително е присуство на родител. Воедно се упатува известување до добитниците на студентски стипендии дека потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши од 10.02.2021 година (среда) до 15.02.2021 година (понеделник) во Општина Охрид.
