ДОНАЦИЈА ОД ТРИЕСЕТ И ШЕСТ КОМПЈУТЕРИ ЗА УЧИЛИШТАТА ВО ОХРИД
Врз основа на Одлуката на Владата, за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Општина Охрид, Универзитетот “Свети Апостол Павле“, денес донира триесети шест компјутери за училиштата во Охрид. Компјутерите ќе бидат подеднакво распределени во ОУ “Григор Прличев“ и во средните училишта, “Свети Климент Охридски“, “Свети Наум Охридски“ и средното економско училиште “Свети Кирил и Методиј“.
ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА ОХРИД
Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација. На состанокот беа донесени следните заклучоци: Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 410 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. Во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 94 пациенти од кои 24 пациенти се на кислородна поддршка. Поради зголемениот прилив на заразени на кои им е потребен болнички третаман веќе е направена реорганизација по повеќе болнички одделенија. Поради константното зголемување на бројот на новозарзени, зголемена е потребата од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти. Во тек е подготовка на план за искористување на расположливите капацитети, медицински персонал и медицинска опрема од останатите здравствени институции на подрачјето на општината. Се презeмаат сите потребни активности од страна на надлежните служби во Општина Охрид за спроведување на сите потребни активности за подготовка на теренот во болничкиот комплекс за поставување на модуларната болница. Во текот на наредните денови ќе се рагледа можноста за организирање на мобилни здравствени тимови кои ќе може да пружаат здравствен третман во домашни услови на заболени кои имаат полесна клиничка слика. Ќе продолжат редовните активности за дезинфекција на јавните површини во Општина Охрид. Се упатува апел до сите компании, институции и граѓани максимално да ги почитуваат мерките за превенција и заштита од вирусот да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца, да се одржува лична хигиена и да се врши дезинфекција.
ПРЕВЕНТИВНО ЗАТВОРЕНИ ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА
Сите детски игралишта на подрачјето на Општина Охрид од денеска ќе бидат времено затворени и нема да може да се користат. Оваа мерка е преземена согласно препораките за заштита од ширењето на Корона вирусот КОВИД 19. Претходно, согласно истите препораки беше извршена целосна дезинфекција на игралиштата. Се упатува апел до граѓаните да ја почитуваат оваа мерка и да избегнуваат непотребни групирања и на други отворени локации.
ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПЛАНOT ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СО СОЦИЈАЛНИТЕ АСПЕКТИ (ПУЖССА), РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“ ВО ОХРИД ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТА ВО РСМ
Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ „План за управување со животната средина и социјалните аспекти”, како и запознавање со проектните активности, Министерството за транспорт и врски заедно со Општина Охрид организираат јавна расправа која поради ситуацијата со COVID 19 ќе се одвива преку видео-конференција на 12 ноември (четврток) 2020 г. со почеток во 12.00 часот. Линк до објавата: https://we.tl/t-qRcqVzmRXV
СВИКАНА ПЕДЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ педесет и првата седница на Советот на општина Охрид на ден 09.11.2020 година (понеделник) со почеток во 11.00 часот. Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација во 11:00 часот. За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д Усвојување на Записниците од 46-та, 47-та, 48-та и 49-та седница Предлог –Програма за измени на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година. Предлог –Програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година. Предлог –Програма за измени на програмата за култура за 2020 година. Предлог –Програма за измени на програмата за спорт и рекреација за 2020 година. Предлог –Програма за измена на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година. Предлог –Програма за измени на програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година. Предлог –Програма за измени на програмата за детска заштита за 2020 година. Предлог –Програма за измени на програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2020 година. Предлог –Програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2020-2022 година. Предлог –Програма за измени на програмата за јавно осветлување за 2020 година. Предлог –Програма за измени на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2020 година. Предлог –Програма за измени на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2020 година. Предлог –Програма за измени на програмата други комунални услуги за 2020 година. Предлог –Програма за измени на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2020 година. Предлог –Програма за измена на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2020 – 2022 година. Предлог –Програма за измени на развојната програма за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадна вода за 2020-2022. Предлог – Програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата наопштина Охрид 2020-2022. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2020 година. Предлог-Одлука за донесување на буџетскиот календар. Предлог-Одлука за давање согласност на Планот за изменување на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2020 година. Предлог – Иницијатива за изменување и дополнување на Статутот на општина Охрид. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2020/2021 година. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2020/2021 година. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид за учебната 2020/2021 година. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2020/2021 година. Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2019/2020 година. Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2019/ 2020 година. Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид за учебната 2019/2020 година. Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2019/2020 година. Предлог-Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2020/2021 година. Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на Јавната општинска установа за деца детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2019/2020 година. Предлог-Одлука за усвојување на годишната програма за работа на ОЈУ„Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2020/2021 година. Предлог-Одлука за утврдување локации за поставување подземни контејнери на подрачјето на општина Охрид. Предлог-Одлука за усвојување на Локалниот еколошки акционен план за општина Охрид (2019-2025). Предлог – Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Ресен. Предлог – Одлука за субвенционирање на ЈП„Охридски Комуналец“ – Охрид за набавка на половно специјално товарно возило – Кипер. Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП ‘Нискоградба” за регулиран период 2021-2023 година. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП „Водовод“ – Охрид за 2021 година. Предлог-Одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за пумпни станици на ЈП „Водовод“-Охрид. СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД Претседател Живка Ангелоска
СВИКAНА ПЕДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ педесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 30.10.2020 година (петок ) со почеток во 14.00 часот. Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација во 14:00 часот. За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д Предлог – Одлука за давање на трајно користење на недвижен имот, сопственост на општина Охрид на ЈП Градски Пазар Охрид. СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД Претседател Живка Ангелоска
ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА ОХРИД
Кризниот штаб на Општина Охрид денеска по барање на градоначалникот Константин Георгиески одржа он-лајн состанок на кој беа вклучени сите постојани членови. На состанокот беа донесени следните заклучоци: -Засега состојбата со здравствената криза во Охрид е стабилна. Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 170 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. На Инфективното одделение и одделот за геријатрија во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 40 пациенти. Во моментот се подготвува план за реорганизација по други одделенија при евентуален поголем прилив на заразени во текот на наредниот период, кои би имале потреба од болничко лекување. Доколку се јави зголемена потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти, би можеле да бидат искористени и останатите здравствени објекти на подрачјето на општината; -Се упатува препорака до сите компании, трговски, угостителски, сместувачки капацитети и сите останати работни организации, за максимално почитување на препораките за превенција од корона вирусот КОВИД 19 и преземање на навремени мерки за изолирање на сомнителни случаи помеѓу вработените; -Се упатува препорака до матичните лекари на ниво на општината максимално да се вклучат во давање на препораки и соодветно третирање на пациентите по утврдените протоколи, како и во делот на давање на препораки за самоизолација; -Се упатува апел до сите граѓани кои се во изолација да имаат поголемо трпение и да ги почитуваат мерките за превенција со цел да го заштитат здравјето на останатите граѓани; -Се упатува апел до жителите на Охрид и до туристите кои во текот на викендите го посетуваат градот, максимално да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција, да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца, да се одржува лична хигиена и да се врши дезинфекција.
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА КРСТОСНИЦАТА ПОМЕЃУ УЛИЦИТЕ „ЖЕЛЕЗНИЧКА“, „ЕГЕЈСКА“ И „БУДВА“
Се известуваат жителите на Општина Охрид дека утре 27.10.2020 година (вторник) ќе се врши хоризонтално обележување на кружната крстосница помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“. За реализација на овие активности, во временскиот период од 08:30 часот до 12:00 часот, улицата „Железничка“ на потегот од клучката за влез во Охрид од насока на Струга до кружната крстосница кај „Здружение на возачи“ ќе биде целосно затворена за сообраќај. Возилата ќе се пренасочуваат кон булевар „Туристичка“ од една страна и улицата „ 7-ми Ноември“ од друга страна. За останатиот сообраќај, забраната на движење ќе важи од крстосницата на улица „Железничка“ со улица „Кленоец“ и тоа во насока кон Струга и од клучката за влез во Охрид во насока кон Ресен. Исто така забрана на сообраќај ќе има и на дел од улицата „Будва“ кој гравитира кон улицата „Железничка“ и на дел од улицата „Егејска“ кој гравитира кон улицата „Железничка“.
ЌЕ СЕ ВРШИ ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник на РМ 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на Одлука на Советот на општина Охрид, на 20.10. и на 21.10.2020 година (вторник и среда) ќе се спроведе превентивна систематска дератизација на територијата на општина Охрид како општа противепидемиска мерка. Според планираното, екипите на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ќе извршат системска дератизација во стариот дел од градот, населбите „Билјанини Извори“, „Гоце Делчев“, „Воска“ и „Далјан“, на булевар .„Туристичка“ и на улиците „Питу Гули“, „Железничка“, „Јане Сандански“, „7-ми Ноември“, „Марко Нестороски“, „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“ и „Момчило Јорданоски“.
СЕДУМ МЕСЕЦИ НЕПРЕКИНАТА ПОДДРШКА ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ
Mобилните тимови на Црвен крст Охрид и на Општина Охрид непрекинато седум месеци се вклучени во напорите за ублажување на последиците од пандемијата на КОВИД-19. Овие тимови им укажуваат поддршка на ранливите групи граѓани од градот и од неговата околина, а во првите месеци од кризата им пружија поддршка и налицата кои беа сместени во државните карантини во Охрид. Започнувајќи од 16.03.2020 година, заклучно со вчерашниот ден 15.10.2020, овие тимови одговориле на 670 барања за набавка и достава на прехранбени продукти, на средства за хигиена и на лекови, како и за други видови асистенција на постари и изнемоштени лица, лица со хронични заболувања, самохрани родители, лица со попреченост и други граѓани на кои им била неопходна поддршка. Дополнително, во соработка со Министерството за здравство, Клиниката за онкологија и Црвен крст на Град Скопје, мобилните тимови доставиле хронична и онколошка терапија во 127 наврати. Исто така, мобилните тимови беа ангажирани и за дистрибуција на хуманитарна помош до социјално загрозени граѓани. Во изминативе кризни месеци, овие тимови доставиле 955 пакети со прехранбени продукти и 882 пакети со хигиенски средства, обезбедени од Црвен крст Охрид, Општина Охрид, општествено одговорни компании и организации и хумани граѓани. Покрај тоа, во текот на хуманитарната акција на Општинскиот кризен штаб и на „Жито леб“, која се реализираше од средината на април до средината на јуни, мобилните тимови дистрибуирале 881 мал пакет со леб и печива до домаќинства на лица во социјален ризик.
