Ohrid.gov.mk

ОХРИД ДОМАЌИН НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРТ

Денеска во Охрид започна тридневната Конференција  „Проектни предизвици- Локална самоуправа,граѓански организации, образование и спорт“ што ја организираат  Геостратешкиот институт „Глобал“, спортската академија „Скај Велнес“ и Општинскиот сојуз на  училишен спорт.  Во улога на домаќин  на конференцијата пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков кој се осврна на значењето на спортот и физичката активност што е и главна тема на дискусија на настанот. – Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што денес сум меѓу вас на отворањето    на  конференцијата „Проектни предизвици- локална самоуправа, граѓански организации, образование и спорт“  што наредниве неколку дена ќе се одржува во Охрид ,а на која ќе се расправа за значењето на спортот. Одамна е познато дека  основна друштвена и индивидуална вредност е човечкиот живот и здравјето. А основна алатка за здрав живот и ведар дух е спортувањето. Спортот како натпревар или игра има огромно значење за правилен психофизички развој на децата и младите. Токму затоа огромно е значењето на образовните и останати институции во правилно насочување на младите, а во таа насока е организирана и денешнава конференција. Секако упатувам честитки до  Здружението  за Геостратешки Истражувања  „Глобал“, Скај Велнес и Општинскиот сојуз на училишни спортови кои  го реализираа проектот “Учиме да пливаме“, а во којшто  беа вклучени првачињата и деца со посебни потреби од Скопје. Се надевам дека вакви  спортски случувања во иднина ќе се организираат и тука во нашиов град.  Деновиве ќе имате тематски дебати во кои ќе бидат вклучени универзитетски професори, домашни експерти, раководители на Сектори од локално и национално ниво и  еминентни новинари. Посакувам да донесете заклучоци кои ќе овозможат напредок во  спортскиот живот, а нас ќе не обврзете  да работиме на континуирано усовршување на условите за спортување. Секако, покрај работниот дел посакувам да одвоите време да прошетате по убавиот Охрид кој изобилува со  природни убавини  и културно – историски знаменитости. Посетете ја Наколоната населба кај Градиште или „влезете во древнините“ на старото градско јадро кое е надвиснато над езерските води.  Качете се на Самуиловите тврдини или на Античкиот театар.  Верувајте секогаш ќе најдете интересни и недопрени содржини кои сведочат за вечна Македонија. И секако здрави и живи со убави впечатоци повторно дојдете кај нас- рече градоначалникот Пецаков.   Пригодни обраќања  имаа и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцински и проф. д-р Иван Анастасовски  од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје.            

СЕ ОДРЖА КУПОТ ВО СПОРТСКИ РИБОЛОВ „ОХРИД 2023“

Спортски риболовци и рибарски клубови од неколку македонски градови беа дел од Купот во спортски риболов „Охрид 2023“ кој се одржа денеска на Охридското Езеро. Натпреварувањето го организираше спортскиот клуб „Свети Апостол Петар“ со поддршка на Општина Охрид. На завршната свеченост од манифестацијата, заменик градоначалникот, Перчо Божиновски ги додели наградите на риболовците кои остварија најдобри резултати во екипно и поединечно натпреварување. Натпреварот се организираше на патеката помеѓу хотел „Метропол“ и населбата „Лагадин“, согласно Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов и Правилата за натпревари во дисциплина „пливка“.          

ДЕТСКА ТРКА ОХРИД ТРЧАТ 2023

600 првоодделенци  беа  дел од  Детската трка „Охрид Трчат  2023“  што денеска се одржа на гратскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид.  Годинава покрај охридските  за прв пат учество зедоа и првачињата од Општина Дебрца   Општина Охрид е традиционален поддржувач на настанот, а младите учесници пред почетокот на трката ги поздрави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.   – Присуството на спортски настани за мене секогаш преставува ден за уживање. Денес тоа уживање е уште поголемо бидејќи сме дел од спортски настан во кој учество земаат нашите најмили. Големата бројка на учесници посебно ме радува, бидејќи во доба на техлошка зависност, да се  видат голем број деца на едно место и при тоа да практикуваат спорт е фасцинантно и за тоа сакам да им оддадам големо признание и пофалба до организаторите – атлетскиот клуб „Охрид трчат“. Веќе втора година по ред доаѓаме тука и го одбележуваме денот на физичката активност. За радоста да биде поголема оваа година на манифестацијата учествуваат и првооделенците од Општина Дебарца, за тоа им благодарам на наставниот кадар, а особено на градоначалникот Зоран Ногачески што го овозможија тоа. Тука би сакал да испратам и една кратка порака до сите учесници, натпреварувачи на трката. Не  е важно кој ќе стигне прв на целта , важно  е да се биде посветен во себе надградувањето. Важно е да се создаваат пријателства, важно е да се понесат убави спомени од денешниот настан. Упорноста, тренингот и посветеноста се клучот. Резултатот и пиедесталот доаѓаат како шлаг на торта после тоа. Денес овој момент слободно може да го наречам празник за очи и душа. Детскиот џагор на спортските терени буди надеж дека на Охрид му претстои светла спортска иднина. Да се множат ваквите настани и спортски достигнувања– рече градоначалникот Пецаков.   Учениците трчаа 100 метри поделени во групи, а сите ученици беа победници и добија маица, медал (финишер), вода и секако подароци од помагателите на настанот. Организатор  е АК „Охрид трчаТ“. Годинава покрај Општина Охрид и основните училишта настанот го поддржаа и МАГНА, „Стопанска Банка“ АД Скопје, Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, „Битолско Млеко 10 витамини“, „Жито Леб Охрид“, Сеавус Академија и  „Изворска Вода“.          

БРОЈНИ НАГРАДИ ЗА ОХРИДСКИТЕ УЧЕНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ АТЛЕТСКИ НАТПРЕВАР

Со највисоки освоени места и низа награди се вратија средношколците и основците од охридските училишта  по   вчера одржаниот  Државен  натпревар по Атлетика во Куманово . Во категоријата  скок во височина  кај жени Прво место освои  Климентина Модева од  ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во оваа категорија  кај   мажите Третото место го освои  Бојан Секулоски од   ОСУ „Свети Климент  Охридски“. Во категоријата фрлање ѓуле кај   жени,  Третото  место го освои  Климентина Модева од  ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.  Во категоријата скок во далечина  кај мажи , Второто место го освои  Александар Камнароски од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.  Во категоријата трчање на 400 метри  кај мажи, Третото место го освои  Михаил Николоски  од ОСУ Свери Климент  Охридски. Во категоријата трчање на 400 метри машки штафета, Трето  место освои ученик од  ООЕМУЦ.  Што се однесува до основните училишта во категоријата скок во височина за  жени, Второто  место го освои   Матеа Матеска  од ООУ  „Христо Узунов“, а во истата категорија за мажи, Прво место освои  Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“ и Второ  место, Матео Сиљаноски од ООУ „Христо Узунов“. Во категоријата   трчање на 100 метри за мажи Првото место го освои  Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“. Во категоријата трчање на 600 метри  кај жените  Првото  место го освои  Јана Секулоска- Анакиеска од ООУ  „Братство и единство“. Во категоријата трчање на 300 метри  кај жените Третото место го освои Калина Ангелоска  од ООУ „Григор Прличев“. Во категоријата скок во далечина  кај мажи третото  место  го освои Христијан Стојаноски од ООУ  „Ванчо Николески“, а во трчање штафета на 100 метри за  жени, Второто  место го освои ученичка од ООУ „Григор Прличев“.   Организатори на настанот се Атлетската федерација  на Македонија  и Федерацијата  на училишен спорт на Македонија.          

МЕЃУНАРОДЕН КАРАТЕ НАТПРЕВАР “ОХРИД ОПЕН 2023”

Околу 500 натпреварувачи од неколку балкански држави, се дел од Маѓународниот карате натпревар “Охрид Опен 2023” кој започна денеска во спортската сала “Билјанини извори”. На свеченото отворање на натпреварот, во името на Локалната самоуправа поздравно обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид , Перчо Божиновски. -Ми претставува голема чест што сум денеска тука и што имам можност да ве поздравам во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Бројката од околу 500 пријавени учесници е јасен показател дека овој меѓународен карате турнир во текот на изминатите годините прерасна во една важна спортска манифестација, која дава голем придонес во промоцијата на Охрид како современ спортски центар. Нашиот град може да се пофали со многу истакнати имиња кои имаат остварено одлични резултати во оваа боречка дисциплина. Особено сме горди на младите генерации на талентирани каратисти од кои очекуваме уште поголеми успеси и освоени награди. Упатувам искрени честитки и благодарност до организаторите на овој голем натпревар со надеж дека оваа традиција ќе продолжи и во континуитет и во иднина ќе може да бидеме домаќини на вакви спортки случувања. Спортисти победуваат и добиваат награди, а ние сме секогаш тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми достигнувања. Општина Охрид и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите спортски настани и да дава поддршка на сите спортските клубови. Ви посакувам успешни натпревари и одлични резултати, а до сите гости упатувам покана да го искористат својот престој во Охрид, за уживање во природните и културните убавини на нашиот скапоцен туристички бисер, истакна Божиновски во своето обраќање. Организатори на натпреварот се охридските карате клубови “Чоле” и “Кунсуто” со поддршка на Општина Охрид.        

СО ТУРНИР ВО БАСКЕТ СЕ ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Со организирање на Завршниот турнир во баскет за основните училишта, денеска на спортските терени во ООУ „Св.Климент Охридски“ беше одбележан Светскиот ден на физичката активност во Охрид. Турнирот е во рамки на Училишните спортски лиги и го организираше Сојузот на училишен спорт во соработка со Одделението за спорт и млади при Општина Охрид. Пред почетокот на финалните натпревари во машка и женска категорија, пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.   – Како голем поддржувач на спортот, особено сум среќен што можам да бидам дел од вакви настани, преку кои се испраќа силна порака за афирмација на спортските дисциплини и промоција на здравите животни навики. Светскиот ден на физичката активност, кој го одбележуваме денеска е една убава прилика уште еднаш да им посочиме на младите генерации дека физичката активност е клучна за правилен раст и развој и има значителен придонес во градењето на позитивни вредности лидерски вештини. Затоа од исклучителна важност е од најмала возраст на децата да им овозможиме услови да спортуваат и да се натпреваруваат. Се радувам што како Локалната самоуправа сме особено посветени во оваа насока и вложуваме значителни средства за унапредување на спортот и поддршка на спортските клубови. Исто така, од минатата година во соработка со Сојузот за училишен спорт од Охрид ги возобновивме Училишни спортски лиги во повеќе спортови, во кои се опфатени учениците од сите училишта на територија на нашата општина. Издвојуваме значителни средства и за Проектот за ангажирање на тандем наставници по физичко и здравствено образование за петто одделение, кои не се опфатени со Законот за основно образование и за кои не беше предвиден посебен наставен кадар за часовите по физичко. Основниот предуслов за спроведување на активности од областа на спортот, физичкото воспитување и рекреацијата во Охрид е постоењето на доволен број спортски капацитети. Токму поради тоа, нашата цел е постојано да вложуваме во модернизација на спортските објекти, кои се главен ресурс за функционирањето на постоечките спортски клубови и важен сегмент за развој на спортскиот туризам. Веќе инвестиравме во реконструкцијата и опремувањето на три мултифункционални игралишта, а во текот на наредниот период планираме да продолжиме со низа инвестиции во спортската инфраструктура. Оваа можност сакам да ја искористам и да им се заблагодарам на сите ученици и наставници кои беа дел од училишните тимови на овој Баскет турнир и да упатам срдечни честитки до најдобрите. Искрено верувам дека токму од овие генерации млади кошаркари ќе произлезат врвни таленти, кои во иднина ќе бидат достојни промотори на Охридската кошарка во нашата земја и во странство, истакна Пецаков.   За најдобра баскет екипа во женска категорија од 8-мо одделение беше прогласена екипата на ООУ „Св. Климент Охридски“ која во финалниот натпревар ја совлада екипата на ООУ „Живко Чинго“. Во финалниот натпревар во женска категорија помеѓу екипите од 9-то одделние победи екипата на ООУ „Христо Узунов“ која беше подобра од екипата на ООУ „Св. Климент Охридски“ Во машка категорија од 8-мо одделение најдобра беше баскет екипата на ООУ „Живко Чинго“ која во финалето ја совлада екипата на ООУ „Григор Прличев“. Во финалниот натпревар во машка категорија помеѓу екипите од 9-то одделение победи екипата на ООУ „Григор Прличев“ која беше подобра од екипата на ООУ „Братство Единство“.          

СО ТУРНИР ВО БАСКЕТ ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ

По повод Светскиот ден на физичка активност, утре на 10.05.2023 година (среда) во ООУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи завршен турнир во баскет од сезона 2022/2023 за основните училишта во рамките на училишните спортски лиги. Турнирот го организира Сојузот на училиштен спорт во соработка со Одделение за спорт и млади при Општина Охрид. Натпреварите започнуваат во 8:30 часот, а официјалниот дел од настанот ќе се одржи во 11:00 часот.          

ПРВО РЕГИНАЛНО МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ „LAKE QUEEN SCHOOL CUP 2023“

Вкупно 115 основци од општините Охрид, Дебарца, Струга и Вевчани беа дел од првото регионално младинско првенство во шах ,,Lake Queen School Cup 2023” што се одржа изминатиов викенд во ПУ „Јахја Кемал“ во Струга. Турнирот се организираше од страна на шаховскиот клуб „Младинска шаховска школа“ од Струга во соработка со шаховскиот клуб „Ласкер“. Учесниците на настанот ги поздрави заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, а свои обраќања имаа и Јусуф Сахин, директор на ПУ „Јахја Кемал“ и Сурија Таук, член на управниот одбор на Шаховската федерација на Македонија. Турнирите се играа по Швајцарски систем од 5 кола со темпо на игра 10’05”. Учесниците беа поделени во возразни категории U08 категорија, U10 категорија, U12 категорија и U14 категорија.    [vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”27090,27088,27084,27083,27086,27085,27087,27089″ img_size=”250×250″][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]            [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ ДОНАЦИЈАТА ОД КОМПАНИЈАТА „ХОВЕР КРАФТ АДРИА“ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ И „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков, ја презентираше добиената донација од компанијата „Ховер крафт адриа“, а тоа се „Ер Трекови“ , односно специјализирана подлога за физички активности. Оваа компанија донира две вакви подлоги едната ќе биде во ООУ „Климент Охридски“ , а другата во ООУ „Григор Прличев“. – Компанијата „Ховер крафт адриа“ свој прозиводствен погон отвори неодмана во Охрид, а доаѓа благодарение на нашите заложби и лобирања за инвестирање во Охрид. Благодарение на коректниот однос на кој наидоа, менаџментот на компанијата донесе одлука за почеток да донира две специјализирани подлоги. Тука сакам да ја изразам мојата благодарност и да порачам и другите компании да го следат нивниот пример. Нашите заложби за привлекување на компании да инвестираат во Охрид, продолжуваат. Тоа го манифестираме преку градење партнерски односи и давање на поддршка во рамки на нашите ингеренции, истакна градоначалникот Пецаков и додаде дека како одговорна Локална самоуправа, постојано се грижиме и вложуваме во образовнието и развојот на децата. Затоа вакви подлоги ќе набавиме и за останатите училишта на територија на Општина Охрид. Изминатиов период Општина Охрид изврши набавка на топки за сите видови спортови и спортски реквизити неопходни за непречено одвивање на наставата по физичко и здравство образование, а пред велигденските празници и официјално беше ставено во употреба реконструираното повеќенамесно игралиште во склоп на училиштетот „Св. Климент Охридски“. Покрај подобрувањето на условите во образовните институции, тука е и поддршката на учениците преку стипендирање во повеќе категории.          

СВЕЧЕН ПРЕЧЕК НА ХРИСТИЈАНА ПАРУЛЕСКА КОЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ТАЕКВОНДО

Голем број охриѓани и вљубеници во спортот беа дел од свечениот пречек на младата охриѓанка Христијана Парулеска која како дел од македонската репрезентација во традиционално таеквoндо, освои златен медал на Европското првенство што се одржа во Јесоло, Италија. Нашата репрезентативка беше прогласена за најдобра кадетка на првенството, а покрај златниот медал во категоријата борба, Парулеска освои и сребрен медал во категоријата борба со замислен противник. Пехарот и беше вречен на посебна церемонија и е прва ваква награда, што македонски спортист ја освоил во поединечна конкуренција на Европски шампионат. Европската титутла на Парулеска е освоена во силна конкуренција од натпреварувачи од 27 држави. Градоначалникот Кирил Пецаков упати срдечни честитки за постигнатиот успех и истакна дека е горд што Охрид се радува на ваков врвен спортски успех и злато од Европско првенство. Во изјава за медиумите градоначалникот потенцираше дека Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да ги проддржува спортистите и спортските клубови и да вложува средства за подобрување на спортската инфраструктура во градот.