Category: Меѓународна соработка
-
ВИСОКА ТУРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Висока турска делегација предводена од Амбасадорот на Р. Турција во земјава Н. Е. Фатих Улусој и Почесниот конзул во Охрид Абдурахим Бајрактар беа во работна посета на Општина Охрид. На средбата со градоначалникот Кирил Пацеков се разговараше за скапоцените Ракописи, Укази и останати пишувани документи и материјални блага од времето на турската империја кои се…
-
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА ОХРИД И ГРАД ПУЛА
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на хрватскиот град Пула, Филип Зоричиќ денеска во Пула потпишаа Меморандум за пријателство и соработка. Со овој дипломатски документ, двете локални самоуправи се обврзуваат во рамките на своите можности и надлежности, да воспостават соработка во областите на делување и тоа: економија, култура, образование, туризам, наука и истражување,…
-
ОХРИД ДОМАЌИН НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА GREEN URBAN TRANSPORT SOLUTIONS
Размена на добри практики за одржлива урбана мобилност, климатска адаптација и дигитални решенија во јавниот транспорт, се главните теми на конференцијата „Green Urban Transport Solutions“, што започна денеска во Охрид. На свеченото отворање на конференцијата, пред присутните свое обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. – Ми претставува особена чест и задоволство…
-
АМБАСАДОРОТ НА СЛОВЕНИЈА ПРЕСКEР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Амбасадорот на Р. Словенија Н. Е. Грегор Прескер во придружба на Почесниот словенечки конзул со седиште во Охрид, Шенол Ислам беше во прва официјална посета на Општина Охрид. На работната средба се разгледуваа можностите, проекти на локалната власт од областа на екологијата, животната средина и водоснабдувањето да бидат поддржани од словенечката влада со аплицирање на …
-
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО УНГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНДРАШ КЛАЈН
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клајн, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. На средбата се разговараше за можноста за прoдлабочување на соработката помеѓу Охрид и Унгарија особено во областа на туризмот. Градоначлникот го запозна амбасадорот со приоритетните инфраструктурни проекти на кои…
-
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА БУДВА И КОТОР
Делегација на Општина Охрид во чиј состав беа советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски беа во работна посета на Будва и Котор. Тие се сретнаа со Градоначалникот на Општина Котор, Владимир Јокиќ и со претседателката на Советот Маја Мршуља. Посетата беше по повод одбележување…
-
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР МАРТИН ПАМЕР
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. На средбата се разговараше за можноста за воспоставување на соработка помеѓу Охрид и градови од Австрија, како и за зголемување на соработката во областа на туризмот. Градоначалникот и амабасадорот разговараа и за прашања поврзани со урбанистичкото планирање…
-
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПОЛСКА
Градоначалникот Кирил Пецаков, синоќа, оствари плодотворна средба со делегација на Република Полска. Полската делегација беше составена од владини претставници, претставници на бизнис заедницата и стопанската комора. На состанокот исто така беа присутни и генералните менаџери на најголемите компании во охридскиот регион, како и претставници на туристичкиот сектор во градот и претставници на агенцијата за промоција…
-
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР СИЛВЕСТРИ
Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, денес, оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Тие разговараа со туристичката сеозна и можноста за промоција на туристичката понуда на Охрид пред италијанскиот пазар. Соговорниците взаемно се согласија дека пилот проектот за изучување на италијански јазик во основните училишта помина одлично и затоа се планира оваа година тој да…
-
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ХУРТ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со Дирк Бројер, градоначалник на градот Хурт, кој е сместен во областа Северна Рајна-Вестфалија во Германија. Главна тема на средбата беа можностите за зајакнување на соработката помеѓу Охрид и Хурт на повеќе полиња. Градоначалниците разговараа за позитивното влијание на германските странски инвестиции во Охрид, врз локалната економија и…