Ohrid.gov.mk

Category: НВО

  • МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР ОДБЕЛЕЖА ТРИ ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО

    Со пригодна свеченост денеска беа одбележани три години од отворањето на Младинскиот центар во Охрид. На настанот присуствуваа бројни гости и поддржувачи на центарот, кои биле дел од успешната работа во интерес на младите охриѓани. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. -Голема е честа и задоволството што денес, заедно со вас, …

  • ВАУЧЕРИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ЗА МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ

    Општина Охрид во соработка со  „Бисер Импорт“ доделува  575 ваучери за велосипеди за млади од Охрид до 29 години.  Проектот го имплементира  Младински Центар  и Локален Младински Совет од Охрид. Апликантот мора да биде жител на Општина Охрид и да не биде постар од 29 години. Секој може да добие само еден ваучер, а за  малолетни…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ КОИ ОДГОВАРААТ НА РАЗВОЈНИТЕ ЦЕЛИ НА ОПШТИНА ОХРИД

    Општина Охрид во периодот од 2021-2024 година активно учествуваше  во проектот на програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) ReLOaD2, откако беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу двете инволвирани страни. Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан, ReLOaD2 беше финансиран од Европската Унија и го спроведуваше програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP)…

  • КОАЛИЦИЈА „СЕГА“ Е ОРГАНИЗАЦИЈАТА КОЈА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР ОХРИД

    По завршување на распишаниот јавен повик за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков, донесе решение со кое Коалицијата „СЕГА“ се избира за организација која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид. Со избраната младинска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени нејзините обврски како…

  • ПОКАНА ЗА ЈАВНА ДЕБАТА

    Заради поголема транспарентност во спрведување на следниот јавен повик, а со намера да се слушне гласот на невладиниот сектор Општина Охрид свикува јавна дебата на која ќе бидат определени приоритетните области за следниот јавен повик. На јавниот повик кој во текот на 2023 година Општина Охрид го спроведуваше во рамки на регионалната програма за локална…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ИЛИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИ КОЈА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР – ОХРИД

    Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Службен гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 15/20), а во врска со член 22 од Законот за младинско учество и младински политики…

  • 6- ТИ БАЛКАНСКИ ПОЕТСКИ КАМП ЗА МЛАДИ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“

    Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо  Божиноски птретпладнево во просториите на локалната самоуправа ги прими учесниците  на   Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“  што започна денес под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа.  Учесниците кои се млади поети од  Македонија, Бугарија, Грција,  Албанија, Турција утрово  беа во просториите на…

  • ОДБЕЛЕЖАНИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН И НЕДЕЛАТА НА МЛАДИ

    Со низа активности  беше одбележан 12-ти август Меѓуародниот ден на младите со што и официјално започна Неделата на млади. Главниот  настан  посветен на младите се одржа синоќа во Младинскиот Центар  во поранешната касарна „Михајло Апостолски“. Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска . – Меѓународниот ден на младите веројатно е  еден од…

  • САЕМ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА ВО ОХРИДСКИОТ МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР

    Вкупно 11 високобразовни институции и 4 средни училишта имаа свое претставување на Саемот за образование и кариера, кој се одржува денеска во Младинскиот центар во Охрид. На официјалното отварање на саемот, свое обраќање пред присутните имаше заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски. – Ми претставува големо задоволство и чест да бидам денеска тука и да…

  • ПЧЕЛАРСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ „ОХРИД“ ОДБЕЛЕЖА 50 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

    Со пригодна свеченост што се одржа вчеравечер, Печеларското здружение „Охрид“ одбележа јубилеј од 50 годиини успешна работа. Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. – Дозволете ми да ве поздравам и да упатам најсрдечни честитки по повод златниот јубилеј, 50 години од основањето и успешното работење на…