КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ВО ИЗБОРОТ НА НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТКИ И СПОРТИСТИ, ТРЕНЕР И СПОРТСКА ЕКИПА НА ОХРИД, ЗА 2023 ГОДИНА
Општина Охрид покренува постапка за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2023 година. Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид. [vc_row][vc_column][vc_message]КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ВО ИЗБОРОТ НА НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТКИ И СПОРТИСТИ, ТРЕНЕР И СПОРТСКА ЕКИПА НА ОХРИД, ЗА 2023 ГОДИНА[/vc_message][/vc_column][/vc_row]
ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2024 ГОДИНА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ, СПОРТИСТИ, ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2024 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот. Спортот и неговата врска со образованието, здравството, социјалата, економијата, туризмот, животната средина, промоцијата и афирмацијата на градот ни дава за право, но и обврска да направиме максимум напори за да се поддржи и помогне целокупниот негов развој. Придобивките и ефектите на спортот врз секоја индивидуа и целиот град се основа за нашата максимална посветеност во унапредувањето на нашиот јавен и општествен интерес на градот. [vc_row][vc_column][vc_message]ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2024 ГОДИНА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ, СПОРТИСТИ, ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД[/vc_message][/vc_column][/vc_row]
ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ НА ЈП,, БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ”-ОХРИД ЗА 2024 ГОДИНА
Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори”- Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за дополнување на Oдлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти бр.07-4189/41 од 30.12.2014 година, објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори”-Охрид . Субвенционирањето на трошоците за користење на спортските терени на Ј.П.„Билјанини Извори“ – Охрид се однесува за периодот од 01.01.2024 заклучно со 31.12.2024 година. [vc_row][vc_column][vc_message]ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ НА ЈП,, БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ”-ОХРИД ЗА 2024 ГОДИНА[/vc_message][/vc_column][/vc_row]
ОДРЖАН ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ВО ШАХ
Денеска во ООУ „Св. Климент Охридски“ се одржа државниот натпревар по шах во организација на Федерацијата на училишни спортови на Република Македонија. Во натпреварувачкиот дел учествуваа 95 шахисти од земјава. На отворањето на настанот во име на градоначалникот Кирил Пецаков присутните ги поздрави раководителот на Секторот за образование и култура при Општина Охрид, Димитар Спасески. -Дозволете ми да го изразам моето огромно задоволство што Охрид е домаќин на државниот натпревар во шах. Тоа значи дека денес меѓу нас се најголемите умови од земјава затоа што шахот е вежба за мозокот и игра на исклучително паметни луѓе со висок коефициент на интелигенција и умствена дарба. Овој спорт е стар повеќе од 2 000 години и уште е наречен „игра на големите умови“ . Јас сум сигурен дека на денешниот настан присуствуваат спортски судии, теоретичари и веле мајстори во шаховски вештини. Секако посакувам да победи најпаметниот во најпаметните. Ценети организатори,почитувани учесници во натпреварувачкиот дел, топло ви препорачувам по натпреварот „наполнете ги батериите“ шетајќи низ убавиот Охрид кој периодов е во новогодишен декор. Прошетајте низ сокаците во Варош и Мескокастро во старото градско јадро. Секоја плочка, секој камен кој ќе го згазите крие некоја охридска легенда. Тука се музејските куќи на Робевци и Уранија, античкиот театар, Климентовиот манастир на Плаошник и Пантелејмон и Античкиот театар. Во секој агол ќе пронајдете стара охридска црква во која Климент Охридски ги бележел житијата за своите учители Кирил и Методи. Секако не ја одминувајте Самуиловата тврдина која е најдобриот доказ за Царска Македонија. Во вечерните часови посетете некој од бројните охридски локали. Вкусете дел од охридските специјалитети и забавувајте се на прекрасната староградска музика. И секако јас ве уверувам дека повторно ќе посакате да се вратите кај нас. Затоа што Охрид е идеален склоп од традиционалното и модерно време- рече Спасески. На настанот се обратија и претседателот на Федерацијата на училишни спортови на Македонија и директорот на ООУ „Св. Климент Охридски“, Јордан Пуроски.
ОДРЖАНО ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР „СВ. КЛИМЕНТОВ – КУП“
Викендов на теренот со вештачка трева се одржа второто издание на Меѓународниот фудбалски турнир „Св. Климентов – Куп“. Учество на турнирот зедоа повеќе од 100 екипи од земјата и странство. Во име на Општина Охрид медалите и пехарите за најдобрите ги додели заменик градоначалникот Перчо Божиноски, кој им честиташе за постигнатиот успех и посака и наредната година да бидат дел од овој турнир, а на организаторите им посака наредното издание на турнирот да биде уште помасовно. Со организирањето на „Св. Климентовиот – Куп“ се дава значаен придонес во развојот на спортот во градот.
УСПЕШНО ПРВО ИЗДАНИЕ НА OHRID WATER FESTIVAL
Сите 17 спортски настани на вода кои се одржуваа во рамки на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival поминаа успешно, а сите настани од социјално-забавниот дел на манифестацијата привлекоа големо внимание кај публиката. Ова беше потенцирано на заедничкиот состанок на организациониот тим на фестивалот и одговорните во спортските клубови, кој се одржа денеска, на иницијатива на градоначалникот Кирил Пецаков, со цел да се сумираат впечатоците и резултатите од реализацијата на фестивалската програма. Во своето обраќање до присутните, градоначалникот упати честитки и голема благодарност до сите кои биле вклучени во организацијата на фестивалот со надеж и желба за уште поуспешни изданија во иднина. Тој искажа задоволство што една убава идеја, преку заедничка соработка и посветеност прераснала во нова спортска приказна, која ќе стане препознатлив белег на градот и ќе го промовира како атрактивна спортска дестинација. Како знак на благодарност за вклученоста во фестивалот и придонесот за неговото успешно одржување, Ohrid Water Festival ќе обезбеди пригодни награди за клубовите учесници. Ohrid Water Festival се организираше во периодот од 19-ти до 27-ми август 2023 година со целосна поддршка на Локалната самоуправа, а неговата основна цел е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија. Како пропратен дел на фестивалот се одржаа и голем број социјално-забавни настани, музички концерти, промоција на реквизити за водени спортови, промоција на традиционална храна, изложби на фотографии, панел дискусии и други содржини. Како дел од фестивалската програма беше вклучен и Хидробилошкиот завод, во чија организација беа одржани неколку едукативни настани за афирмација на уникатноста на Охридското Езеро.
СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА 36 ИЗДАНИЕ НА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Вкупно 15 пливачи од 6 држави ќе земат учество на 36. Издание на Охридскиот пливачки маратон. Стартот е закажан за 10 часот во Св. Наум, а ќе се плива по 25 километарската патека „Климе Савин“, додека целта е на Кеј Македонија. – Голема е честа и задоволството како градоначалник, но и како организационен одбор, оваа година да се собереме по втор пат и втора година по ред да го организираме Охридскиот пливачки маратон. Она што минатата година го поставивме и го испочитувавме како услови за пливачите, награден фонт, сместување, превоз и слично, придонесе за зголемување на квалитетот и бројот на пливачите кои што ќе пливаат на овогодинешното издание, истакна градоначалникот Кирил Пецаков на денешната прес конференција. Како новитет оваа година на Охридскиот маратон е и воведувањето на два летечки спринта. За најдобрите на овие мерни точки е предвидена дополнитеплна награда од по 500 евра. – Организатор на оваа пливачка манифестација е Општина Охрид во соработка со Нациналната пливачка федерација и Агенција за млади и спорт. Технички организатор е Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008. На Охридскиот пливачки маратон ќе учествуваат 15 пливачи од 6 држави и тоа по 2ца од Аргентина и Турција, 3ца од Италија, по 1 од Холандија и Франција, додека од Македонија ќе учествуваат 6 пливачи. Од нив во женска конкуренција се 6 пливачки, а 9 во машка. Наградниот фонд изнесува 12 000 евра, распоредени 1во место 2500 евра, 2ро место 1500 евра и 3то место 1000 евра, рече Ристе Јанкоски, претседател на организациониот одобор. Во рамки на програмата на Охридскиот пливачки маратон повторно е и младинската работилница на програмата за развој на Обединетите нации и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Работилницата започнува во 14 часот на Кеј Македонија. – Пливачите од 10 часот до кај 15 -16 часот ќе пливаат во Охридското езеро и се надевам дека и на стартот и за време на трката и на целта ќе има публика која што ќе ја поддржи оваа манифестација, која што долги години е најдобра манифестација во Македонија. Знаете дека во изминатите години и децении грижата за оваа манифестација не беше како што треба. Оваа година имаме квалитетни пливачи и мора да забележам дека ова доаѓа во најтешкиот момент на маратонското пливање, кога овие трки се тргнаа од ФИНА гран при серијата. Во овие две години гледам дека се создава една екипа со која што може да се работи на некои поголеми работи за да ова прекрасно езеро и овој прекрасен град да прераснат во центар на светското маратонско пливање, подвлече Томи Стефаноски. Прогласувањето на победниците е во 20:00 часот во дворот на хотел Палас, каде е предвидена и културно – уметничка програма со настап на КУД „Отекс“ кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години постоење и настап на Ансамбл „Билјана“. Програмата ќе биде збогатена и со штандови на „Слоу фуд“ каде посетителите ќе може да уживаат во вкусот на македонскта традиционална храна.
ПРЕТСТАВЕНИ УЧЕСНИЦИТЕ НА 36. ИЗДАНИЕ НА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
На пригодна свеченост која се одржа вчеравачер на платото пред хотелот „Палас“ беа претставени учесниците на 36. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи во сабота на 26-ти август. На патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри оваа година ќе запливаат вкупно 15 натпреварувачи од кои, шест во женска и девет во машка конкуренција. Оваа година покрај домашните пливачи, на маратонот ќе учествуваат и пливачи од Франција, Холандија, Италија, Аргентина и Турција. Градоначалникот Кирил Пецаков во своето официјално обраќање на промоцијата упати искрени честитки до маратонците и им посака големи спортски успеси, а воедно се заблагодари и на сите вклучени во организацијата на овој голем спортски настан. – Со голема гордост стоиме овде денес, да го прославиме предизвикот пред кој застануваат учесниците на овогодинешното издание на нашата најзначајна спортска манифестација, Охридскиот пливачки маратон, кој доаѓа како круна на првото издание на Ohrid Water Festival. Почитувани пливачи, секој од вас е вистински инспирација, симбол на дисциплина и одлучност, па затоа искрено Ви посакувам оваа денешна промоција да биде важна станица на вашиот пат кон успехот. Пливањето во кристално чистите води на Охридското Езеро е неповторливо доживување, а секој испливан километар ќе ве потсети на богатството на нашата природа и древните корени. Овде пливањето не е само физичко задоволство, туку и духовно исполнување, кое ви ја доловува уникатноста на ова магично место. Во мое лично име и во името на охриѓани, ви посакувам да остварите големи успеси и да ги надминете своите зацртани цели. Оваа можност сакам да ја искористам и да упатам неизимерна благодарност до сите вклучени во организацијата на ова важно спортско случување и да искажам огромно задоволство што и покрај сите препреки и предизвици, покажавме дека желбите стануваат реалност и дека оваа прекрасна маратонска приказна ќе продолжи да живее уште многу години. Охридскиот пливачки маратон е гордост за локалната заедница и за државата, бидејќи го промовира Охрид како одлична локација за спортски настани и ги привлекува пливачи од целиот свет. Маратонската трка во езерото од една страна го насочува вниманието кон спортот и физичката активност, а од друга страна го поддржува туризмот и сознанието за природното богатство и непроценливото културно наследство. Сето ова беше наш поттик да креираме нови содржини и да организираме една голема спортска манифестација која овозможува заедничка промоција на водените спортови на Охридското Езеро. Преку внимателно креирана програма на спортски и социјални активности, деновиве покажавме дека Охрид е подготвен за големата сцена и дека има капацитет за вакви впечатливи случувања. Но, додека чекориме на патот кон успешна спортска иднина на нашиот град, не треба да го заборавиме минатото и сите оние луѓе кои го вложиле својот животен труд во организацијата на Охридскиот пливачки маратон и го овозможиле маратонското пливање изминатите шест децении. Нека нивниот ентузијазам и нивните дела бидат наша поука и наш поттик кон остварување на нови достигнувања. Уште еднаш, на сите натпреварувачи им посакувам мирни води, пријатни временски услови и мотив за остварување на големи успеси, кои ќе бидат воодушевување за публиката и вредни за почит, истакна во своето обраќање градоначалникот Пецаков. Во рамки на настанот беше доделена спортската награда „Климе Савин“, која оваа година му беше врачена на еден од најистакнатите македонски пливачи Томи Стефановски. Исто така беа доделни и признанија за поддршка на Охридскиот пливачки маратон на компанијата „Костал“, „ЈК Травел“ и на спортскиот коментатор во пензија Атанас Костовски. Охридскиот пливачки маратон оваа година е главен настан на првото издание на фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival. Маратонот е во техничка организација на Клубот за спортови на вода „Охридски Бранови 2008“ со поддршка на Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Националната пливачка федерација. Вчеравечер, покрај свеченото претставување на маратонците, во рамки на фестивалската програма на Ohrid Water Festival се одржа изложа на која беа претставени победниците на маратонското пливање и почетоците на веслањето во Охрид. За музичкиот дел од програмата се погрижија „Балканикос Бенд“ и „Жармена Бенд“. [vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”28404,28405,28406,28407,28408,28409,28410″ img_size=”300×200″ onclick=”img_link_large”][/vc_column][/vc_row]
ЗАПОЧНА МЕЃУНАРОДНИОТ РАКОМЕТЕН ТУРНИР „КРСТЕ АНДОНОВСКИ“
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, вчера беше дел од свеченото отворање на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ кој во организација на ГРК „Охрид“ и Општина Охрид, се одржува во СРЦ „Билјанини Извори“. Покрај домаќините, на ракометниот турнир, учествуваат клубовите „Бешикташ“ (Турција), „Олимпијакос“ (Грција), „Металопластика“ (Србија), „Татран Прешов“ (Словачка), како и македонските екипи „Еурифарм Пелистер“, „Голден Арт“, и „Бутел“. Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Пецаков истакна дека Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да поддржи вакви спортски манифестации кои го привлекуваат вниманието на публиката и даваат придонес во равојот на Охрид како спортски центар. – Ракометот не е само игра, тоа е предизвик кој бара многу вложување, соработка и посветеност. Ракометот не е само спорт, ракометот за мене е начин на живот. Ракометните достигнувања, спортскиот ентузијазам и сите успеси имаат оставено длабока трага врз мене и секако се заслужни за мојот емотивен однос кон се што е поврзано со овој спорт. Ценети гости, драги љубители на спортот, верна ракометна публико! Како поранешен ракометар чувствувам огромно задоволство да бидам дел од свеченото отворање на овој меѓународен турнир кој се организира во чест на едно славно ракометно име, нашиот охриѓанец Крсте Андоновски. Со својот придонес на теренот како играч и лидер, тој останува вечна инспирација за сите нови генерации и со право може да се вброи во групата на големи ракометни легенди не само во Охрид туку и во Македонија. Ракометните легенди се оние кои поставуваат нови стандарди, оставаат трајни наследства и незаборавни моменти во ракометната историја. Се радувам што славејќи го и почитувајќи го ова легендарно име создаваме една нова приказна која се надевам дека ќе прерасне во една убава традиција и дека ќе биде од големо значење за развојот и унапредувањето на ракометот на локално и национално ниво. На наша голема радост оваа година ракометниот турнир се издига на едно повисоко ниво и го поставува Охрид на мапата на големи спортски случувања. Горди сме што годинава ни гостуваат осум екипи од пет држави и тоа што на теренот ќе заиграат врвни ракометни таленти, кои зад себе имаат големи спортски успеси. Се надевам дека овој турнир ќе ни овозможи да размениме професионални искуства, да ги зголемиме нашите пријателски врски и да создадеме незаборавни спортски спомени. Верувам дека сите натпревари ќе се одиграат со ведар и спортски дух и со голема почит помеѓу противниците. Секој гол, секој успешен напад, секоја ефикасна одбрана нека создаваат незаборавна атмосфера за публиката и нека бидат причина за радост и прослава. Со желби за успешни натпревари и одлични резултати, на сите гости им посакувам пријатен престој во Охрид и им упатувам покана да уживаат во уникатните природни и културни богатства со кои располага нашиот туристички бисер, истакна Пецаков во своето обраќање на свеченото отворање на турнирот. Согласно предвидениот натпреварувачки систем, натпреварувачките екипи ќе бидат поделени во две групи и ќе бидат одиграни вкупно 16 натпревари. Според планираното, Финалниот натпревар за трофејот на турнирот ќе се одигра на 26-ти август во 20.15 часот.
17 СПОРТСКИ НАСТАНИ НА ВОДА ВО РАМКИ НА OHRID WATER FESTIVAL
Од 19-ти до 27-ми август Охрид ќе биде домаќин на 17 спортски настани на вода во рамки на првото издание на Ohrid Water Festival. -Во сабота на 19-ти август на базенот „Атина Бојаџи“ ќе се одржи „ОВФ Пливачки митинг“ во организација на ПК „Акваспирит“ Охрид. Истиот ден во претпладневните часови на Охридското Езеро ќе се одржи „Меѓународна охридска веслачка регата“ во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“. -На 20-ти август во недела предвидени се два настани: „ICF 23 Трета Меѓународна Илинденска регата во кајак и кану на мирни води-Охрид 2023“ во организација на ККК „Стрмец“ и „Триатлон“ во организација на ТК “Три дисциплини” Струга. -Програмата продолжува во понеделник на 21-ви август кога ќе започне „1ва Регатa околу Охридското Езеро“, во организација на „Меч Рејс Клуб“. Истиот ден на базенот „Атина Бојаџи“ во организација на Сојузот за училишен спорт од Охрид ќе се одржат „Водени лудории“, а во Охридското Езеро во организација на „СУП клуб“ Охрид ќе се одржи настанот „СУП јога“. -Во вторник на 22-ри август во организација на ЕК „Акватика Јахтинг“ ќе започне Турнир во едрење ,,ЕКСПРЕС СЕЛИНГ“ кој ќе трае два дена. Истиот ден, ќе се одржи „Трка со СУП“ во организација на „СУП клуб“ Охрид. –Во организација на ПК„Охридски бранови 2008“ на 23-ти август во среда во водите на Охридското Езеро ќе се одржи „Пливачки маратон во далечинско пливање на 5км и 10км на отворени води“. -Во четврток на 24-ти август во организација на Нуркачки центар „Амфора“ ќе се одржи Промоција на рекреативно нуркање за деца. -Наредниот ден, на 25-ти август, петок предвидени се три настани. Во организација на ПК„Охридски бранови 2008“ ќе се одржи „Ревијален Ватерполо турнир 2023“, а ќе биде организирана и „Промоција на водени спортови“. Во организација „Јахтинг клуб ОЛС“ ќе се одржи настанот „Запознај го едрењето, заштити го езерото“. -26-ти август, сабота е датумот, кој е резервиран за најголемиот традиционален спортски настан на вода во Охрид, а тоа е „Охридски Пливачки маратон 2023“ кој ќе се одвива на патеката Св.Наум-Охрид. -Комплетната спортскo-рекреативна програма на вода ќе финишира во недела на 27-ми август со одржување на спортскиот настан „Акватлон“ во организација на АК “Охрид трчаТ” и „Регатата со традиционални охридски кајчиња“во организација на ВК „Горица Ремо“. Повеќе детали за сите настани, за времето и локацијата на одржување може да добиете на следниот линк https://ohridwaterfestival.mk/wp-content/uploads/2019/08/Programa-2023-PDF-2.pdf (спортско рекреативна програма) или на www.ohridwaterfestival.mk
