ОХРИД ПРЕТСТАВЕН НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ И СПОРТ ВО ПРИШТИНА
Општина Охрид од 27 до 28 aприл учествува на Саемот за туризам и спорт кој се одржува во Приштина, Р. Косово. Помеѓу голем број на излагачи од регионот, штандот на општина Охрид предизвика голем интерес како од туристички така и од спортски аспект. Штандот го посетија заменик министерката за култура и спорт на Косово, претседателот на олимпискиот комитет на Косово, престседателот на туристичка комора на Косово и др. Посетителите покажаа интерес за туристичката понуда на Охрид, а воедно и за спортските активности кои се одржуваат во Охрид. Посебна промоција се направи за новиот спортско-туристички настан „Ohrid Water Festival“, кој во Охрид ќе се одржи од 18 до 27 август, при што беа остварени средби со организации од областа на спортот кои би зеле учество на активностите во рамките на Фестивалот. Саемот е одлична можност за презентација на туристичката понуда на косовскиот пазар како и можност за остварување на соработка и на спортски план. Покрај овој Фестивал, промовирани беа и други спортски настани кои во наредниот период ќе се одржуваат во Охрид, како Охрид Трчат, фудбалски, кошаркарски турнири и други спортски манифестации.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА РЕГИСТРИРАНИ ЗАНАЕТЧИИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА
Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година, Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општина Охрид, со бр.09-2466/1 од 22.02.2023 година и Одлуката за давање согласност на правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општина Охрид со број 08-3254/93 од 14.03.2023 година објавува: [vc_message message_box_color=”orange”]ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА РЕГИСТРИРАНИ ЗАНАЕТЧИИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА[/vc_message][vc_message message_box_color=”sandy_brown”]ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА РЕГИСТРИРАНИ ЗАНАЕТЧИИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА[/vc_message]
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ПОВОЛНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ
Општина Охрид во својот делокруг на работа а во врска со спроведување на Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година под точка 1.3. Промоција на можностите за инвестирање во општина Охрид има за цел подготовка и промоција на брошура „Инвестирајте во Охрид“ . Оваа активност предвидува изработка на брошура за промоција на мерките кои се насочени кон поддршка на економијата, чија основна цел е стимулирање на инвестиции, технолошки развој и зголемување на конкурентноста на македонските компании, но и промоција на поволностите кои се на располагање привлекување странски инвестиции и поддршка на извозот. Локациите кои се пријавуваат можат да бидат “Greenfield” и “Brownfield” што значи дека локациите може да бидат веќе постоечки капациети и градби или можат да бидат неизградена површина поволнна за отпочнување на градба или развивање на бизнис. Целта на пријавувањето може да биде продажба или изнајмување на локацијата на одредено време. Можат да се пријавуваат лица и компании кои имаат сопственост на истата и може да бидат во градска или рурална област За да може да се изврши пријавување на локација сопственикот треба да ги исполнува следните услови: – Да има целосна сопственост на парцелата која се пријавува или договор за закуп на истата – Да поседува имотен лист – Горенаведените документи да ги приложи во копија и фотокопија од лична карта. – Доколку се работи за парцела на која нема изградено објект, истата не смее да биде помала од 1000 m2 – За изградени објекти со економска намена објектот треба да има подлога од минимум 500 m2 – За локации со намена туризам може да се пријават и градби со минимум подлога од 200 m2 доколку има површина за дополнителна изградба и дворно место. Горенаведените услови се обврзителни за успешно пријавување на локација Пријавувањето на локација треба да се изврши преку образец за пријавување кој може да се спушти од веб страницата на општина Охрид и истиот треба да се поднесе во плик преку општинската архива на адреса најдоцна до 30.04.2023 година. Ул. Димитар Влахов бр.57, 6000 Охрид Со назнака Апликација за „Инвестирајте во Охрид“. [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ПОВОЛНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ [/vc_message][vc_message]ОБРАЗЕЦ[/vc_message][/vc_column][/vc_row] ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ПОВОЛНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2023 година
Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година, Општина Охрид објавува: [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2023 година[/vc_message][vc_message message_box_color=”orange”]УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ[/vc_message][vc_message]АПЛИКАЦИОНЕН ФОРМУЛАР[/vc_message][/vc_column][/vc_row]
ОХРИД ПРОМОВИРАН НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД
Природните потенцијали и уникатното културно богатство на Охрид како атрактивна туристичка дестинација се промовираат на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од денес до 26-ти февруари. Делегацијата на Општина Охрид која е дел од годинешното саемско претставување на српскиот пазар, ја предводи градоначалникот Кирил Пецаков. Претставниците на Општина Охрид заедно со претставниците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ќе ја презентираат туристичката понуда за 2023-та година и ќе оставарат средби со туроператори од регионот. На саемот за туризам во Белград, кој оваа година се одржува под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“ се презентираат околу 350 изложувачи од 33 земји.
КОНКУРС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ
Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува КОНКУРС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2023 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за: – водоинсталатер; – монтер на опрема за греење и ладење; – болничари; – фризери; – кројач на женска/машка облека – монтер на насконапонски инсталации – дактилографија на компјутер I. Услови за доделување бесплатен курс Предност за пријавување за овие курсеви имаат невработените лица, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат. Курсевите ќе започнат доколку се оформи група од најмалку 15 пријавени учесници. Општина Охрид го задржува правото некој од курсевите да не се реализира доколку нема заинтересираност. Изборот на учесниците ќе биде по принципот “Прв дојден, прв услужен”. II. Начин на пријавување Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk. Со Пријавата потребно е да достават и : Изјава за лични податоци; Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма. Пријавените учесници треба да имаат завршено средно образование. III. Рок на пријавување Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 10 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев” Oхрид, ул.Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев”секој работен ден од 08 до 14 часот, тел. за контакт 078/619-742. Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани. [vc_row][vc_column][vc_message]ПРИЈАВА[/vc_message][vc_message]ИЗЈАВА[/vc_message][vc_message]Изјава за лични податоци[/vc_message][/vc_column][/vc_row]
ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРАВИЛНИКОТ И КАТАЛОГОТ ЗА СТАНДАРДИЗАЦИЈА И ВИЗУЕЛНА УНИФИКАЦИЈА НА УРБАНАТА ОПРЕМА ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИД
Денеска во Општина Охрид се одржа презентација на Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема на локациите кои беа опфатени со Анализата на визуелното оптеретување на градот Охрид. На презентацијата присуствуваа сопственици на угостителски објекти, занаетчии, сместувачки капацитети, трговци, туристички работници и останати субјекти кои ја обавуваат својата дејност во стариот дел на градот и охридската чаршија. Со Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на локациите се пропишуваат видот, типот, категориите и карактеристиките на стандардизирана и визуелно унифицирана урбана текстура, урбан мобилијар и утилитарни објекти. Во документот се определени типолошките серии на опрема, материјали за изработка, начин на поставување и дизајн со карактеристики на обликувана унификација на урбана опрема за јавни површини на територијата на градот Охрид. Просторниот опфат на примена на овој правилник се однесува на територијата која беше опфатена со Анализата и елаборатот за визуелно оптеретување на градот Охрид од 2019/2020 година: Плоштадот пред црквата „Св.Софија“, ул.„Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, Плоштадот „Св.Климент Охридски“, Чаршијата долж ул. „Св Климент Охридски“, Плоштадот „Крушевска Република“, продолжението до булевар „Туристичка“ и дел од чаршијата до пресекот со ул. „Гоце Делчев“. Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема на локациите е усвоен од страна на Советот на Општина Охрид и е објавен во Службен гласник на Општина Охрид број 13 од 2022 година (стр. 389). Правилникот и каталогот се подготвени и се усвоени врз основа на одредбите од Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за заштита на културно наследство, Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”sandy_brown”]ПРАВИЛНИК ЗА СТАНДАРДИЗАЦИЈА И ВИЗУЕЛНА УНИФИКАЦИЈА НА ЛОКАЦИИТЕ ОПФАТЕНИ СО АНАЛИЗАТА НА ВИЗУЕЛНОТО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА ГРАДОТ ОХРИД[/vc_message][vc_message message_box_color=”orange”]АНАЛИЗА И ВИЗУЕЛНО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА ГРАДОТ I[/vc_message][vc_message message_box_color=”orange”]АНАЛИЗА И ВИЗУЕЛНО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА ГРАДОТ II[/vc_message][/vc_column][/vc_row]
УБАВИНИТЕ НА ОХРИД ДЕЛ ОД РЕПОРТАЖА НА ЕРТ ОД ГРЦИЈА
Како дел од серијалот „Балкан Експрес“ што се прикажува на националната телевизија ЕРТ во Грција беше емитувана репортажа во која се презентирани убавините и туристичките потенцијали на Охрид. Преку квалитетна видео содржина, која беше снимена во текот на минатото лето, во репортажата се зборува за Охридското Езеро како најдлабокото и геолошки најстарото езеро во Европа, за манастирот Свети Наум, а преку епитетот „Ерусалим на Балканот“ прикажани се сите препознатливи цркви, културните знаменитости и староградската архитектура на Охрид. Во патеписниот материјал се зборува и за охридските занаетчиски работилници, фестивалот Охридско Лето и други уникатни карактеристики на нашиот најголем туристички бисер. Репортажата може да ја погледнете на следниот линк:
СЕ ПОДГОТВУВА ГОЛЕМА ПРОМОТИВНО-СПОРТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА OHRID WATER FESTIVAL
Денеска беше одржан првиот официјален состанок на кој беа презентирани детали околу подготовката и организацијата на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 18-ти до 27-ми август, со поддршка на Локалната самоуправа. На состанокот присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков, претставници на Здружението за промоција и развој на водените спортови „Фестивал на водени спортови“, претставници на клубовите за водени спортови од Охрид, претставници на Хидробиолошкиот завод, претставници на туристичкиот сектор, претставници на Одделението за спорт при Општина Охрид и останати субјекти кои се вклучени во организацијата. Беше разговарано за сите спортско-рекреативни настани кои ќе бидат дел од официјалната програма, како и за сите социјално едукативни содржини кои ќе бидат пропратен дел на фестивалот. На состанокот беше презентирано и официјалното лого на Ohrid Water Festival, со автентични детали, кои се дел од главната симболика на Охрид. Според планираното, на фестивалот ќе бидат организирани 40-тина настани кои значително ќе придонесат за промоција на водените спортови, уникатноста на Охридското Езеро и туристичките потенцијали со кои изобилува нашиот град. Манифестацијата има за цел да го подигне нивото на промоција на Охрид како атрактивна дестинација за алтернативен туризам, да ја збогати туристичката понуда за гостите и да го зголеми бројот на туристички посети. На состанокот, беше заклучено дека преку заедничка и посветена работа ќе се овозможи организирање на мaнифестација за паметење, која ќе биде гордост за охриѓани и манифестација која ќе може да прерасне во традиција, која ќе биде препознатлива за Охрид. Со сите информации поврзани со организацијата на фестивалот, јавноста ќе биде информирана во текот на наредниот период, преку официјална презентација на фестивалската програма.
ОХРИД ДОМАЌИН НА ФЕСТИВАЛОТ „КУПУВАЈ ЛОКАЛНО“
Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на фестивалот на локални производи „Купувај Локално“ што денес се одржа на Факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид. Во своето поздравно обраќање пред присутните градоначалникот Пецаков, рече: – Дозволете да ја изразам мојата благодарност за организација на оваа богата софра на која се промовираат познатите охридски специјалитети: комат, ѓомлезе, леб под сач, различни видови макала, намази, домашно вино и сирење, a секако ги поздравувам и изработивачите на ракотворби. Кратката многу позната изрека “Ние сме тоа што јадеме” на филозофот Ludwig Feurbach кој живеел во деветнаесетиот век, во целост го означува односoт помеѓу храната и традиционалните вредности и одлики на еден народ. Тоа значи дека се она што днес го гледаме не промовира токму нас. Овој фестивал во иднина го гледам како уште еден настан кој ќе привлекува туристи, а Охрид ќе го промовира како туристичка дестинација која покрај другите содржини ќе понуди традиционална охридска храна и специјалитети карактеристични за овој регион. Факултетот за туризам и угостителство покажува вистинска иновативност со организација на вакви настани и ги вклучува нашите студенти во активности кои се интересни, а ја поттикнуваат креативноста кај нив. Преку ова случување се едуцираат и поттикнуваат граѓаните да се определат за купување и јадење локална храна која се произведува на традиционален начин што е многу поздрава од се друго што се нуди на пазарот. На овој начин се промовираат приказните на локаолните производители кои и тоа како имаат што да кажат и пренесат. Се надевам дека овој настан ќе добие традиционален карактер и дека значително ќе допринесе во промоцијата на традиционалната храна и домашните производители, затоа што се она што е домашно- наше е највкусно и најубаво- рече градоначалникот Пецаков. Фестивалот има за цел да ги презентира локалните производители на храна, рачни ракотворби и други уникатни производи кои се автентични за ова поднебје. Настанот беше отворен и слободен за сите граѓани и гости кои ја вкусуваа локалната храна и уживаа во мирисот на греаното вино, заедно со луѓето чии изработки ја негуваат традицијата и чувството за постоење. Организатори на настанот се: Општина Охрид (Сектор за локален економски развој) и Факултетското Студентско Собрание на Факултетот за Туризам и Угостителство – Охрид.
